Како помала одев скоро секогаш на ракометни натпревари,и си поминував прекрасно.Си викав си пцуев А и тато ме носеше,и на фудбалски натпревари,ама ми беа досадни,и секогаш уште незавршено прво полувреме му викав ај да си ојме. А сега не памтам кога последно сум била на натпревар,или да последно на ракомет бев лани зимата,а најпоследен натпревар годинава есента гледав еден кошаркарски натпревар,и премногу ми беше глупаво
па одам на натпревари од време на време, кога има некој појак натпревар. сум одела често на кошарка и ракомет, а вчера баш бев на фудбал Вардар - Бате
Искрено, и немам навика многу. Кога сум во Скопје сакам да одам да ги гледам Металург некогаш (ракометниот) и тоа е се‘.
Не одев многу, може да се каже и воопшто не одев. Си пратев натпревари од дома (која будала сум била) Ама сега често одам да гледам фудбал. Ја прошетав скоро цела Македонија, како поддршка на дечко ми. Знаете какво е неопишливо чуството на навивате за вашиот тим? А замислите во него да игра и вашиот љубен.. Е тоа е тоа. Најгласна во цела сала! Нема порадосна од мене кога ќе победат, а ептен ми е тешко кога ќе загубат. Кога изгубија еден важен натпревар си се изнаплакав. Ама видов дека и тој плачеше. Посебно е чуството, прекрасно! Викам, пцујам, а судијата скоро секогаш најмногу го јаде А од поголем ранг, само еднаш сум била во Bayern, нормално на домашен натпревар со најдобрите. Мислам дека тоа ми беше најдобро потрошениот час и половина во животов.
На фудбалески натпревар еднаш и тоа помеѓу Македонија-Ирска ама сега планирам да одам на повеќе нтпревари..
Леле сезонава, за што побргу да купуваме карти-фудбалска репрезентација, МЗТ-кошарка, Металург- ракомет.Стартниве победи создаваат оптимизам и причина за полни сали. Важно е дека македонскиот спорт излегува од летаргијата. А за присуство на натпревари - колку што овозможуваат нашите плати. Октомври резервиран за Македонија-Хрватска (фудбал).
Гледам на тв и Баерн и Вардар кога ќе даваат утакмица не пропуштам,ама бидејќи немам шанса да одам Баерн да ги гледам одам Вардар си ги гледам.
Како мала бев редовна... убави времиња...кога немаш обврски. Сега од 2008 година не сум отишла на ракометен, а негде година дена на фудбалски. Тоа е. Ќе се поправам, ама брзо ми оди времето некако.
И јас многу сакам да гледам натпревари во живо. Од ракомет бев на првенството во Ниш, а кога игравме лани во јуни против Австрија бев во Виена, бидејќи се поклопи да сме таму на шетање кога беше натпреварот. На европското сега што ќе е во Словенија ќе одам со татко ми, а и со татко ми одам на фудбалски натпревари. Ги имам сите можни утакмици гледано зошто и ме интересира.