Нешто ме инспирираше, и се фатив секој ден да вежбам. Море, и стомачни ќе си напраам до септември па ќе се фалам после. Вчера баба ми: „Море сине јади, глеј каква си се напраила сучка. Си ослабела бааги.“ А јас уствари набивам кондиција возејќи секој ден точак, и играјќи фудбал. И никој несмее да ме погледне вака: .
Еее блазе ви што имате инспирација да вежбате, Мене некоја мрза ме фати па ме мрзи да станам од кревет а не да вежбам.. Вежбав пред недела дена на справа што ја имам дома и се препотив и на туш.. Од тогаш немам станато од кревет и па си се направив прасе хахах
секој втор ден одам на аеробик,и да ви кажам искрено многу убаво се осекам после тоа.Имам многу појке енергија
блазесиви на тие шо имате желба за вежбање.Мене мрза како ме има фатено а порано вежбав редовно одев на фитнес и аеробик ама сега пуста мрза никако да ме остај да тргнам да вежбам.
Јас ги симнав од замунда. Доколку немаш акаунт можеш да ги најдеш и на јутуб, само што таму се на делови, еве нешто. http://www.youtube.com/watch?v=kSbEkn9b93k
Колку ме примрзело да вежбам.. Плавев планови пролетта, ама нагло ослабев и си викам ај не мора да вежбам. Ама мора, не е само да бидам слабичка, треба и да се стегнам.
Секој ден борбен тренинг, вежби за сила, вежби за еластичност и аеробен тренинг. Го делам повеќе пати во текот на денот така да не го ни осеќам како нешто посебно ниту имам намера било кога да престанам .
И јас полека се враќам во форма, малку паузирав, што од немање време ( треба и да се пие, не само да се вежба ), а што од топлово. На орбитреков душичката му ја вадам, сабајле станав, изедов едно јаболко, се поклонив и додека ми се ладеше кафето извозев 30 минути.
Возам велосипед по 2 часа и се чуствувам многу подобро и исполнето со енергија а и загубив неколку килца
Секој втор ден на орбитрек... веќе една недела! Woo Hoo! Вежбањето и најубавата и најздравата навика што можеме да ја стекнеме! Инаку за фитнес убаво е три пати неделно џоа Адријана Лима ќе се направиш, најсериозно!
Вежбам секоја ден стомачни по 500 правам.И некои вежби за задник,за нозе да се зацврстам и тоа Не ми одземаат многу време вежбите,негде околу пола сат.
Секој ден,активен тренинг по 1ипол саат. А сега летото по 2 во ден. Супер ми е. Најдоброто нешто што го правам за себе и уживам во тоа.
5 пати неделно. Ги вежбам вежбите на Синди Крафорд, скокам на јаже, вртам хулахоп, понекогаш играм зумба. Во сабота и недела се одморам, а понекогаш ако ми текне возам велосипед.
Скоро секој ден или преку еден, ги правам 10те најдобри вежби за по дома што се тука на фемина, не одзимаат мн време, околу пола саат, добри се многу, иако ми треба повеќе тренинг, малку мрза сум..