3 пати неделно на аеробик, стомачни некогаш правам дома , и секој ден сум ваму даму (школо , приватни часови...)тоа е 60 мн пешачење
За слабеење и ми требаат еве деќе 2 ипол недели ги вежбам па ќе видам како ќе се покажат, никогаш не сум вежбала до сега.... Се надевам дека за 20 недели колку што трае програмот и со нормално јадење без диета ќе постигнам ефект... Имам 53 кила, сакам до 49 да стигнам...
Многу ретко.. Посебно заимски период.. Со багер не можеш да ме извадиш од дома, а камоли јас сама да станам и да вежбам.. Обично на лето знам да се растрчам со другарките но ништо сериозно.. Знам дека треба повеќе да вложам во себе, и оваа година планирам тоа и да го остварам
Зимен период не вежам едноставно немам некоја желба за тоа подобро ми е да си легнам под некое ќебенце и да гледам филм отколку да извршувам некоја физичка активност. Инаку пролетно и летно време (па до некаде и во есен се додека не заврнало многу дожд) вежбам постојано стомачни, склекови и слично. Дали дома, дали надвор.Инаку обожавам да трчам баш денеска фатив малку да потрчам гледам не сум во кондиција Ама ќе ја стекнам
Секој ден, возам на точак по 30 минути. Не е многу, ама додека е континуирано е подобро од варијанта каде еднаш неделно се окозуваат од вежбање по 2 саати. И правам вежби за задникот и се трудам што почесто да пијам вода. Толку
Секој ден 2 дена одам на балет,2 на аеробик (тоа е тие денови кога сум на балет),1 во теретана на справи,1 ден трчам,1 ден тае бо и јога ....али во последно време одам и на латино танг и така да си вежбам повеке...
Во текот на денот пешачам минимум 90 минути (вкупно). Дома ги правам секојдневно вежбите за зацврстување, а во недела обично возам со точак или па одам на планина. Ама сега дека е поладно, не сум толку активна со точакот.
Три пати неделно да вежбам ми е навика веќе со години. Некогаш е тоа аеробик, некогаш фитнес, во последно време пилатесот, понекогаш пак ги комбинирам. Секој ден пешачам бар 30 минути без исклучок. Плус, кога времето убаво, возам ролери, планинарам, трчам, играм тенис. Резултатите си се тука, здраво тело и нормална килажа. Мислам дека секој треба да биде спортски активен без разлика на возраста и колку обврски има. НЕМЕМ ВРЕМЕ не е оправдување, секогаш се наоѓа време, потребно е да се стекне навика. Вежбањето значи здравје, бар за мене
Вежбав дома секој ден пилатес.Вежби за подигање на задникот. Самата не забележував ефекти,ама еден ден он ме гледа и ми рече дека ми се исплатело вежбањето дека имало многу видливи резултати.Се чудев.Но од тогаш многу поретко вежбам. Ама од утре пак почнувам секојдневно.
Имам некоја навика да се заседнам, и кога ќе ме удри мотивацијата да се изнавежбам и потоа да не се навратам месец дена. Не од болка или нешто такво туку од пуста мрза што ја имам значи. Добро не сум неактивна, три пати неделно по еден до три круга во салата и вежби за растегнување правам (физичко). Ама ајде овој пат се надевам на поинкави резултати.
Секако Еве овие се дел од вежбите... http://boza.mk/2012/sakate-seksi-zaoblen-zadnik-eve-gi-tie-vezhbi/
До пред неколку месеци вежбав и јас редовно,али сега страв ми е да помислам од кога немам вежбано,мотивација нула,плус празници се ближат хаха
Последните три месеци 5 или 6 пати неделно по 45 минути-никакви изговори не си дозволувам, освен температура. Ни обврски, ни уморна, ниишто Резултатите се секако видливи, иако е многу побитно тоа што јас се осеќам многу поубаво, имам енергија и кондиција