Секој ден освен сабота и недела (тогаш правам пауза и одмор за телото) скоро секогаш тренингот ми се состои од 1 саат кардио и 1 саат кревање тежини и после тоа сум како нова и еден совет кој што ми го кажа еден инструктор....никогаш да не се почнува со тегнење зошто било лошо за мускулите(на сабајле или како било) туку прво треба да се загрее телото дали со трчање или орбитрек што било и ми спореди со метал се додека не се загрее металот не можи да се витка туку само мози да пукни....
Вака за распуст и кога немам многу за учење вежбам секој ден по еднаш, а почнам ли со тренинзи вежбам два пати - секој втор ден.
И јас воопшто не сум спортски тип не го сакам тоа но што можам, кога треба да играм некој спорт како со две леви раце и нозе сум. Можеби дека никогаш и не сум спортувала нешто
Практикувам да вежбам секој ден, но доколку тоа не е возможно барем 5 пати неделно мора да извежбам. Тоа обавезно.
Вежбав секојдневно подолг период, ама решив да направам мала пауза. Возам по 20 километри на статичен точак + правам пилатес вежби и некако нозеве почнаа ептен да ми се билдаат Со точакот прекинувам барем на неколку дена, а после планирам да ја намалам километражата. Пилатес продолжувам, ама вежбите за нозете ќе ги изоставам нареднава недела и ќе се сконцентрирам само на задникот и стомачните
Тежнеам да вежбам секој ден,ама се придржувам и до правилото два дена неделно за одмор....Па еве баш денес одмарам....Ако не се предомислам до после