Можеш да вежбаш во било кој период од денот, зависно како ти дозволуваат обврските. Јас знам и тоа го практикувам, дека наутро вежбањето одма после твоето будење е најдобро и најефикасно време за вежбање. Имам и јас обврски, но секако 30 минути можам да искомбинирам и вметнам во мојот дневен распоред Но, доколку работиш, тогаш гледај вежбањето да не се одвива во вечерните часови кога твоето тело е спремно за спиење, а ти му правиш дополнителен шок со вежбите и туширањето.. со тоа цел биoритам ти се нарушува. Но, твое си е ..
Веќе 3-4 месеци вежбам наутро и навечер, но многу важна е и исхраната, но на жалост јас ни малце не внимавам дека не вежбам за да ослабнам туку вежбам за да ги затегнам мускулите
наутро сум на школо од 6 и 20 тргам од дома а за да вежбам кје треба во 4 да станам.доаѓам дома во 2 ипол јадам одмарам учам по дома да фатам нешто и затоа сум навикната да вежбам од 5-8 некаде во тој период а не сум уморна кога сум уморна не вежбам а кога не сум едвај чекам да се качам горе.
пред 2 години везбав редовно потоа 1 година гледав да најдам време,ама последно време некако слабо наојгам време,бидејки по цел ден скоро работам и потоа уморна и везбање јок
Порано знаев да почнам да вежбам, ќе ми траеше тоа некои 4-5 дена и се откажував. Овој пат сум решена, нема откажување! Три недели како што вежбам редовно, почнав со 3 пати, па 4, и од оваа недела 5 пати неделно по минимум 30 минути.
Секој ден. Ми се случува понекогаш да прескокнам еден ден ама ретко. Вежбањето ми стана повеќе од навика. Потреба ми стана.
4-5 пати неделно зависи како ми дозволуваат обврските , сега уште некој ден ке сум послободна па ке можам поредовно
секој ден саат и пол и + пола саат брзо одење,до пред две недели а сега завчера почнав по пола саат вежбањее и пола саат брзо одење
Во последен период многу малку се движам, не вежбам ич, и џабе ослабнав кога изгледам добро само облечена. Не сум за разголување, посебно не за на плажа оти како се движам така вибрирам. Како подвижен пудинг сум. Од денес почнувам по дома со лесни вежби, и знам дека е глупо прашањето ама дали со 20 мин. вежбање од денес па до средина на август ќе изгледам добро за на плажа?
Порано вежбав помалку, а посебно зимоска. Во Март, Април вежбав два до три пати неделно, по 20-30 минути. Во претходниве три недели вежбам секој ден по 60-ина минути.
Порано вежбав секој ден, сега многу ретко. Вежбав и по неколку часа, се преморував... но сега се откажав. Сега дали еднаш неделно ќе вежбам, од оваа жешкото не ми се прави ништо.