Секој ден, освен во недела. Си ја почнав програмата од Инсенити и одлично е. Секој ден по околу 40 минути, уживанции. Инаку за време на учебната година два пати неделно одам на тренинг карате
Јас преку ден одам во теретана,а деновите кога не сум ги користам за лесни аеробик вежби или брзо пешачење.
Секој ден , освен недела од причина што тој ден не ми работи фитнесот , инаку се навлеков и сега денот не можам да си го замислам без вежбањее
од 10ти јули па наваму воопшто не вежбам Се надевам ќе си ја вратам мотивацијата, иако поим немам како...
Над 4 пати неделно е минимум. Порано вежбав 6 пати неделно и искуството покажува дека 6 пати е оптимално, додека се што е под 4 пати неделно, може да претставува замор за телото.
http://zazabava.com/zumba-pokraj-gradskata-plazha-foto Зошто не одам на вакви "забавни" активности летово кои пречесто ги имаше од ваков карактер, одговорот е на првата слика. Зошто ги сликал во задник човече? Ај оди вежбај сега да те видам...ај те молам! . И пази молим те зумба ФИТНЕСОТ... ФИТНЕСОТ...да повторам зумба ФИТНЕСОТ. Се надевам не дошла некоја со штитници за дланки како една лепотица што ја знам...небаре дига на бенџ жуљеви да не и искочат. Кул е брате, кул!
Скоро секојден.Или секој втор ден.Не можам да заспијам ако пред тоа не сум вежбала. Се чустувам виновна и се мислам дека ќе се здебелам. Ми премина во навика и сега вежбањето ми е неизбежна работа. Не е важно дали ќе вежбам преку ден или навечер важно да си ја извршам таа такаречена обврска.
Па не знам дали се смета за вежбање вежбањето јога, ама еве веќе повеке од две години секој ден вежбам најмалку по пола саат. Не прескокнувам никако, ако немам време, само тибетанските ги правам . Надвор од јогата, ретко вежбам, може 8-10 пати месечно и тоа најмногу 20 минути.
Не е многу, ама се трудам да одржувам некое темпо од вежбање 2-3 дена, ден пауза, пак 2-3 дена вежбање, ден пауза... Немам некои конкретни вежби до кои стандард се придржувам: комбинирам зумба, вежби за задник, стомачни, чучњеви... секојдневната физичка активност од континуирано трчање по скали во текот на целиот ден и трчањето по внука ми не ги сметам