3 пати неделно аеробик, плус чат пат ролери, и вежбање и дома, кога имам време и енергија, особено викенди ).
Многу често..Сабајле теретана,вечер тренинг(тренирам ракомет) и се така,едно 5 години. Убаво се чувствувам после секој тренинг,лесна,лебдам Меѓутоа имам некои вишок килограми,па богами доста треба да симнам.Претходно не се замарав,ама сега ми стана голем проблем.Вежбам,вежбам,имам маса,цврста сум,многу ми е тешко да ослабам,не јадам леб,пржено,не пијам газирани сокови,благо јадам,ама многу малце..Резултати штознам,цело време константна тежина или пак вагата не ми е точна Ајде помош,пиете ли нешто како она оцет вода,не знам уште што,ми треба нешто такво,а не сакам апчиња
штом вежбаш не е проблем да ослабнеш но внимание во исхраната ти треба голема,никкаов оцет ни вода ни лимон не помагаат овошје и зеленчук мн месо риба мн малку јаглехидрати и неможе да не ослабнеш....поздрав
Јадам 2 пати на ден,сабајле млеко и овесни снегулки,после теретана варен стек или туна,риба обавезно со салата и толку.и после пак ми се јаде,е тогаш јадам некои соленки,смоки,такви глупости и тоа е се.Навечер пак ми се јаде и пак јадам соленки смоки,а ми се случува и цело чоколадо да изедам...многу лоша навика. а јас па мислам дека со тие смоки или со тоа 1 чоколадо нема ништо да се деси,нема да ми се фати,поради тоа што претерано вежбам,трошам,ама очигледно има тука некој проблем..
Кажи им на твоите да не купуваат тоа, или да ги кријат од тебе. Јади моркови, праски, јагоди или тоа ти што сакаш од овошје/зеленчук кога ќе ти се пријаде. Исто и бадеми знам дека убиваат глад. Или оди измиј заби и нема да ти се јаде така многу, и ова сум го чула, не сум го пробала. Но некогаш дај си оддишка, но не цело чоколадо, или смоки, еве пола, но тоа нека биде ретко, еднаш неделно. Така мислам јас. Се надевам помогнав.
Вежбам често, скоро секој ден по саат и половина последниве 5 месеци. Пилатесот ми стана навика, чудно ми е кога некој ден ќе ги изоставам вежбите. Препорачувам пилатес и за намалување на вишок килограми, и за затегнување на целото тело.
Па вежбав порано.Одбојка,ролање,пешачење многуу...Сеа ИЧ.Затоа ко прасе сум си. Ама од понеделник планирам-трчање на кеј и ролање.
до пред една година, трчав по 5-7 километри 5 пати во неделата (тоа темпо го одржував 5-6 години) потоа на факултет ваму таму и сега само 3 пати неделно по саат, саат и пол на фитнес.. ама не е тоа тоа само трчање признавам од искуство :y:
хахаха се пронајдов исто и јас само што трчам насабајле по 30 мин а навечер саат време, не јадам леб, благо многу малку и никако да ослабнам.
Секој ден,не ми поминува денот без вежбање,кога е потопло трчам...Кај мене има резултати,за 3 месеци ослабнав 10 килограми .Одбегнував само вечера и бел леб,сега ниту тоа,си јадам најнормално...
Па сега брзо почнав по три пати неделно на фитнес,а кога не сум на фитнес дома вежбам.Избегнувам да јадам на вечер,и леб и благо али потешко оди
летно време сум мин. 2 часа на ролерките и обавензно пред спиење правам стомачни... а зимно време ми остануе само пешачењето
Понеделник, среда и петок, одам на аеробик. Лани одев, летово имаше пауза, и во септември повторно почнав. Едвај дочекав
Пред две и пол недели почнав да одам на фитнес после подолга пауза за да си го зацврстам телото, омилени ми се вежбите со тегови бидејќи пробувам да ги истакнам мускулите на рацете. Одам до 5 пати неделно, пијам витамини(ц, магнезиум, калциум и сл), сега си купив зелен чај и пробувам што поздраво да се хранам, за да избалансирам со нездравиот живот(алкохол и цигари).
Во домашни услови вежбам најмалку 5-6 пати во неделата.Тоа се минимални вежби колку да го истегнам телото, да останам во форма, да ја задржам кондицијата. Иако не се вежбите напорни, сепак многу добро се чувствувам потоа. НЕ обожавам фитнес, аеробик центри. Сакам кога вежбам сама, кога се опуштам. Го правам тоа со задоволство, без мака...