Веќе месец и пол вежбам секој ден. Од 45 мин до саат и пол. Зависи каков ми е денот. Денес и вчера поради обврски прескокнав, и сега се осеќам како нешто лошо да имам направено
Секој ден ги права вежбите на Jilian Michels и многу ми помагаат уште два дена и ќе преминам на 2 левел.Кога имам слободно време трчам на пример во четврток,петок,сабота,недела(сабота и недела на сабалје) одам и 3 пати неделно на тренинг ракомет и понекој денови правам дополнителни вежби.Процечно во неделата одвојувам 1 час за секој ден.И колку можам помалку и поздраво јадам (без леб,благо со житарки мусли двопек овојшје зеленчук сушено овошје јаткасти плодови и така натаму)
4 пати на ден до пред две недели, од денес почнувам секој ден или ако не секој, барем 6 дена во неделата.
здраво и јас да ви си приклучам на темава.почнувам од оваа вечер да вежбам на орбитрекот по 20 мин 6 дена во неделата дали се доволно?а имам за симнуванје едно 10кила и повеке..и плус ја почнав онаа аткинс диета од денес па ке видиме што ќе биде..ајде споделувајте и давајте ми повеке мотивација
Јас вежбам 5-6 пати неделно. Еден ден обавезно правам пауза, а некогаш и два, зависи што ќе вежбам. 2 дена од неделата (пр. вторник и четврток) вежбам најинтензивно, 2 дена (пр. понеделник и среда) трчам колку можам и 1-2 од останатите денови вешбам нешто полесно. Кога имам повеќе обврски, тренинзине се намалуваат. Барем 2-3 пати, вежбам обавезно.
Секој ден со вежбите на Jillian Michaels + точак, пешачење или пилатес И искрено со душа го чекам тој дел од денот, затоа што тогаш можам да си посветам време себеси. Да се затворам во соба, да пуштам музика и да вежбам без никој да ми пречи. Или да ги ставам слушалките на уши и да тргнам да пешачам сама, па да го пуштам и мозокот на пасење.
Од понеделник до петок по 1 саат одам на аеробик,а бидејќи сабота и недела не работи,или одам да трчам или вежбам дома
Браво за сите што успевате да вежбате секој ден Ви се восхитувам. Јас се трудам да останав доследна на програмата колку што можам повеќе, но обврските се секогаш тука. Во просек изгледа вежбам 3 дена неделно, без да утврдам точно кои ќе бидат тие денови, никогаш неможам да знам однапред кога ќе бидам слободна
Речиси секој ден. Дури и кога сум болна (бидејќи пречесто се случува), барем истегнување и некои полесни вежби правам.
Јаооо како сум се залежала.... па и со ова испитов триста изговори си наоѓам. Арно одам да пливам одвреме-навреме. Од средина на месецов планирам да почнам со аеробик три дена неделно, па ќе видиме што ќе биде
Кога не ме мрзи,секоја чест за тие што вежбаат секоја ден и јас планирам некако да си се навлечам па да почнам да си вежбам активно
Можеби во грешна тема пишувам ама, може ли некои вежби да ми препорачате за зацврстување на задникот и градите(ако воопшто постојат такви)?