Два дена трчање, два или три дена вежбање со рачни тегови, правење склекови и стомачни. Права атлета. Мислам дека сум спремен за на плажа.
Се трудам тоа да биде секој ден. Па макар и 15минути ако немам време за повеќе или ме болат премногу мускулите. Кога ќе ми текне дека порано играв по 3-4 саати тенис и какви се вежби правев ми се плаче од тага.
Вежбам скоро секој ден .. Некогаш кога имам многу обврски прескокнувам али се трудам по неколку минути барем во денот..
Едно прашање , колку време треба од прилика да постигнам некој видлив резултат , трчам по кеј секој ден по околу еден час со секако намалување на некоја храна , неколку килограми да намалам околу пет и задоволна сум ?
Вежбам 6 дена во неделата (сега малку се разболев па сум на пауза, од утре пак планирам да почнувам), а преку лето обично и трчам исто 6 дена во неделата, па сега треба да почнам и со трчање, едно време и велосипед возев-ама никој не сака да возиме а не ми се вози сама, така да ќе си се држам до трчањето
6 дена неделно понеделник и среда - пилатес вторник четврок и петок -теретана и сабота на утро трчам 1 час
Тρчам тρи пати неделно x 12 km. Аκо не ме фати мρза пρавам κлеκнувања (ρеκоρд 100-че), сκлеκови (ρеκоρд 18 одеднаш) и стомачни (овде тепам 500-че во сеρии) . Ама во последно слабо ми теκнува . Аκо κачување на планина со ρанец се смета κо вежба - богами летово ја пρаκтиκувам сеκој сончев ден и најубаво ми е
Откако си купив орбитрек, барем 5-6 дена во неделата вртам на него... секој ден правам и стомачни... а 3-4 пати неделно кога ќе имам повеќе време и желба вежбам и со тежини
5-6 дена во неделата, вежбам кардио и плус со тежини комбинирам, но 1-2 си оставам за одмор. Во последно време бидејќи си купив лента за трчање кардио си терам за мерак
4 пати неделно овај период додека е ладно, а во лето секој ден .. Интензивни тренинзи на аеробик и + во лето трчање секој ден.
Немам точно определени денови од неделата за вежбање, туку имам распоред кој го терам веќе некое време - 2 дена вежбање, 1 ден одмор, па пак 2 дена вежбање, па 1 ден одмор. Првиот ден обично вежбам strength вежби за зацврстување, најчесто со тегчиња. Вториот ден секогаш гледам убаво да се испотам, па вежбам кардио, Инсенити, возам точак и слично. Е сега, некогаш се случува заради обврски да вежбам еден ден наместо два, ама па некогаш кога имам време вежбам три дена по ред. Ама во глобала се држам до распоредот, зашто утврдив дека вака најмногу ми одговара. Вака пресметано, испаѓа дека вежбам минимум 4, а максимум 5 дена во неделата.