5 пати неделно. Три дена интензивни кардио вежби кои секогаш завршуваат со серии стомачни и задник. Трчам на кеј, дома стомачни и squats. Преостанатите два дена комбинирам наизменично вежби за зацврстување на секој дел од телото, вежби со сопствена тежина и вежби со реквизити од по дома. Нешто последниве денови форсирам грб, наполнив куфер еден со алишта и it’s dumbbell rows time.
Да, дури и кога имам болки, можда е некој пласибо ама ми помага да се релаксирам. На темава, многу ми фали теретана, долго време одев практично бар 5 пати неделно плус секаде возев точак. Од јануари навака сум на домашна верзија, секој ден гледам бар пола саат да вежбам плус во карантинов седнувам на точак бар 3-4 пати неделно, слушалки во уши и возам 2-3 саати без престан. Милина.
Секој ден но не премногу долго ниту некој тешки вежби , само што ќе станам започнувам со вежби за истегнување и чучневи ,порано правев по 100 ама сега некако ме мрзи ..
Вежбам секој ден кога вежбам од дома. Кога имам менструација јас паузирам ден-два дека ми тече менструацијава ова повеќе кога сум загреана. Затоа и не трчам тогаш надвор кога планирам да трчам. Кога одам во теретана вежбам 4 пати неделно дека таму повеќе вежбам на справи.
Вежбам секој ден иако теретаната ја напуштив пред извесен период.... не одмарам и нема некоја разлика....често сум со некаква болка во мускулите но се исплати кога ќе се видам во огледалото
Секој ден наизменично вежби и лента за трчање,плус од денес во комбинација со план за исхрана. Да видам дали ќе има некоја промена.
Секој ден ама не некои тешки вежби или нешто којзнае што си имам симнато апликација и според неа правам така вежби и на смарт часовникот Хуавеи фит и на него имам вежби . Ама не вежбам повеќе од 15/20 минути .
5 до 6 пати неделно. Вежбав дома, амаа сега кога ги пуштија теретаните нападнав прва. Едвај чекав теретана.