вежбам 6 пати во неделата. еден ден правам вежби за рацете и стомачните мускули друг ден за нозете и задникот. се чубствувам супер после вежбите ги правам дома сама со музика се релаксирам би сакала да одам во фитнес центар но немам услови за тоа во мојот град за жал
Јас се пронајдов во посленото танцот го обожавам оној брз ритам на играње а со тоа добивам и многу повеќе побрз метаболизам вита става и брзо движење на телото немам време за вежбање а и зошто би вежбала кога со танцот се добива подобри резултати побрз метаболизам,губење килограми, зацврстување на секој дел од телото и најглавното забава) пробајте
Вежбам јога најмалку два пати неделно, но се трудам да вежбам секој ден, барем по малку. Си поставив пред себе цел да не испуштам ниту еден ден, тоа почнува од денес.
Пред да го купам Орбитрејкот бев убедена дека ке вежам секој ден,меѓутоа кога го купив тоа траеше па една година.Сега се помалку вежбам,меѓутоа вежбањето е доста важно.
секој ден правам стомачни и 3 пати во неделата одам во теретана значи овежбам редовно тоа многу ми е битно и ми претставува задоволство со тек на време све станува навика...но оваа навика е доста корисна
Вежбам секој ден ... трчам , стомачни , склекови .. се тоа во теретана! Играм кошарка истотака. Спортувајте луѓе! Ќе бидете поздрави и ке се чувствувате убаво и полни со енергија!!
Јас вежбам само додека не си истегнам мускул,не ме заболат стомачните,или ако не си направам некој по мал проблем одма после тоа престанувам......
Пробај да јадеш повеќе пати на ден ама по помалку. Правилното расподелување на храната е на повеќе порции затоа што така помалку ќе јадеш ако ќе изгледа повеќе. На телото му требаат повеќе од две порции на ден. Исто така пиј вода пред и после секој оброк. Тоа помага многу бидејќи водата пред оброкот малку ќе те засити, а водата после оброкот ќе го забрза метаболизмот. Инаку јас не вежбам многу но има кондиција. Секако сега имаме два часа физичко и тоа ми помага да ци ја одржам кондицијата бидејќи многу трчаме. Инаку понекогаш вежби за растегнување иако треба да си ја подобрам еластичноста малку. А за килограми имам многу брз метаболизам и тешко ми е да се поправам. Секогаш сум претерано слаба ама што да правиш. Инаку имам голем апетит и многу јадам.
Зависи расположение, дома на орбитрек 4-5 пати неделно некогаш и повеќе , а некогаш и помалку . И плус одам во фолклорно друштво
Ми беше доволно само 3 пати неделно на аеробик, но во последно време гледам дека сум со вишок на енергија изгледа ззашто набив добра кондиција. Летото и трчав на кеј во деновите кога не одев на тренинг, но сега како залади, одвратно ми е времево, мрзам ладно време за трчање, така да воопшто не одам на кеј. Мора да смислам нешто друго...
Зависи колку ќе сум одморена тој ден. Порано знам одев секој ден, а сега неможам 3 пати неделно да се натерам да идам.
Каква мрза ме има фатено, не сум вежбала Бог знае од кога! Работа, дома, зима, ладно и некако си потонав во зимски сон... Ама морам да се активирам! Девојки помагајте, дајте нешто за мотивација за вежбање, вака не иде!
Јас и онака не вежбам хихи а и сега со зимава, почна зимски сон да ме фаќа, мрза невидена сум. сите поспани сме овој период ама ја решив да се активирам од сеа и барам баш некои клубови за бокс - нешто што од неодамна почна ептен да ме привлекува и ми стана најголема желба, па женски ако имате некој предлог кажете
Последниве два месеци воопшто не вежбам, ама од ДЕНЕС почнувам, (не од утре ), секој ден барем по 45 минутки или така нешто. Ќе вежбам аеробик и некои вежбички во домашни услови, а планирам и да си купам орбитрек деновиве.
А шо беше тоа спорт? Се мачка на леб??? Не, сериозно, цел живот сум се занимавала со спорт и сум била доста успешна во тоа, ама во последно време се занимавам со правење ич ништо. Мускуливе ми се закржлавени и ми е страв дека мускулниве влакненца ќе ми се скинат само ако помислам да измијам некој тањир или не дај Боже да испеглам нешто. Страшно! Пред некое време се решив да правам барем стомачни вежби. Направив 20 и после тоа цела една недела не можев да се смеам. Ц ц ц ц, си го читам постов и сфаќам дека итно морам да поработам на случајов.
Си ги симнав на Cindy Crawford преку торент Shape Your Body Workout & The Next Challenge Workout Вежбите се феноменални http://zamunda.net/details.php?id=143105&hit=1
два пати неделно само на зумба сега а некогаш и по еднаш доколку имам работа во тој период кога треба да одам на зумба. недоволно но за почеток ок е
4-пати неделно на зумба, ако не одам ко болна сум, тоа и ми помогна да се вратам во форма по породувањето поз