1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку често вежбате?

Дискусија во 'Фитнес' започната од Dreamer, 12 април 2010.

  1. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Ниту вежбам, ниту се движам, мноооооогу малку, треба повеќе
    ама така и работата ми е да седам и толку ми треба, не можам да станам после!
     
  2. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    Едвај чекам да дојде 1 Јануари.. :D
    Од Саботаа бидејќи 3 недели нема школо ќе гледам физички по активна да сум.
    Почнав да правам вежби за стомакот.. но по една недела веќе престанав..
    Најмногу ми треба вежби за стомакот.. До сега физички доста активна бев.. но тоа вишокот околу стомакотт :Ѕ ми смета и сакам барем за тие 3 недели (не знам дали ќе се ми доволни)барем да остранам некаде 5 см околу стомакот
    За исхраната добро се справувам...4 месеца откако ослабнав гледам да ја држам истата тежина..
    Малку благото некогаш ме изнеревува но знам до каде ми е мерата и кога кажам стоп..значи навистина застанувам!
    Барам помош од вас
    Ќе ми бидат ли доволни тие 3 недели секојдневно правење вежби за стомакот барем да го стегнам стомакот и мускули да направам ?
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ми се чини последниве 5 години јас немам престанато со вежбање ( со паузи ) .
    Уште како мала ми се создаде таа навика, прво вежби за исправување на грбот, па вежбите си ги дополнувам, и сега си правам секакви.
    Еден месец до два бев оптеретена со орбитрек и ми се случуваше на него да вртам дури и по 80 минути, ама повеќе не , почнав да намалувам и дојдов до 30 минути најмногу, сега од орбитрек паузирам, ама другите вежби не ги запоставувам.
    Вежбам пет пати во неделата, се случува да не вежбам ако ме боли стомак инаку гледам да бидам редовна.
    Се навикнуваш и ако не вежбам како да ми фали нешто.
     
  4. Flow

    Flow Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Почнав активно пред 7 години, не пропуштам ниту ден. Активностите, иако различни, го задоволуваат критериумот за изгубени калории. На фитнес одам веќе 3 година, џогирам и кога е ладно времето. По дома изведувам и јога, но ретко, затоа што навикнав на понтензивни вежби.
    Мило ми е што си го пронајдов режимот на вежбање кој ми одговара, и иако имам над 170 цм, сум неверојатно подвижна, па такви вежби и практикувам.
    Кога почнав да вежбам немав ниту зголемена тежина ниту здравствени проблеми. Си дојде само од себе. Меѓутоа, и да имав некаков проблем, верувам дека со вежбањево инстантно ќе се средеше. Душевна храна ми е, извор на среќа.
    Со вежбање нема што да загубите.
     
    На fs-fs-fs му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Абе што убаво си го фатив редот некаде пред нова година, иде ли 19 часот, и како некоја должност ми беше, одма почнував да си вежбам :bow:
    Ама сега кога фатија ова празниците, некако со газе не ми се мрднува, па и се разболев....
    А инаку постот го пишувам колку да си се пофалам :$ :rofl: :rofl: , дека имам ново цд со ептен убави вежби, и сега од понеделник пак стартувам, таман целосно да си се опоравам :wasntme:
    Решв, до јули здравје, има јака фуфа да се направам :rofl: :rofl:
    Се зезам деее, малку да се насмееме 8)
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cамо 2 неделно :tmi: сега почнав оваа недела инаку пазуа си правев :wasntme: се мислам да почнам пилатес,да се стегнам малку,ама никако да се јавам да закажам,што мрза ке бев :swear: :$ имам дома орбитрек и степер ама така стојат,прашина факаат,го имам цд од Kим к.ама и тоа фака прашина во фиокине :tmi:
     
  7. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Така речено скоро ич како што ме дал господ мрза :D а и си имам некоја среќа што и да јадам не се фаќа на мене и немам потребна од вежбање :rofl:
     
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Јас сум посебен случај, не вежбам и не се движам. Пред еден месец видов едни вежби за зацврстување на задникот и се попалив за вежбање. 1 саат сум вежбала и после една недела од кревет неможев да станам, едвај мрдав. Мускулите ме болеа и нозете ко здвени ги осеќав.... и задник и вежби и се живо сум пцуела :swear:
     
  9. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Ќе ми бидат ли доволни тие 3 недели секојдневно правење вежби за стомакот барем да го стегнам стомакот и мускули да направам ?[/quote]

    тешко дека за 3 недели ќе го стегнеш стомакот, па уште и згора на тоа 5cm во обем :^) ќе ти треба мноооогу подолг период додека излезат "плочките" на виделина. Ти треба само упорност и ништо друго, запиши се на аеробик, таебо било што и така побрзо ќе го добиеш саканиот ефект.
     
  10. litllemonster

    litllemonster Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    mnogu vezbam odam tripati dnevno na fitnes po doma pravam vezbi tancuvam pesacam a poradi toa i mnogu se zalam na bolki vo nozete sakam da si bidam fit i mnogu sum opsednata so vezbanjeto ;)
    [mod-kirilica:2zshkrl1][/mod-kirilica:2zshkrl1]
     
  11. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    тешко дека за 3 недели ќе го стегнеш стомакот, па уште и згора на тоа 5cm во обем :^) ќе ти треба мноооогу подолг период додека излезат "плочките" на виделина. Ти треба само упорност и ништо друго, запиши се на аеробик, таебо било што и така побрзо ќе го добиеш саканиот ефект.[/quote]

    да да знам дека нема јас за 3 недели да стегнам стомакот
    ама сепак имав 20 дена на располагање..
    за тие три недели не сакав баш веднаш да сум 5 цм помалку во обем туку малку да го стегнам стомакот
    ама како отидов на одмор.. толку :D
    иначе од 15 се запишувам на фитнес :)
     
  12. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Три пати во неделата.....секој месец освен сега празнициве што ме зафркнаа, мора да бидам во топ форма нон-стоп :D
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Зимата и мојата желба и мотивација за вежбање функционираат обратнопропорционално :|

    Сепак пред некое време пак се активирав, и вежбам на gym ball, правам секој ден барем 150 стомачни, вртам хулахоп, и правам некои вежби за растегнување и затегање на задницава :)
    Ако седам и не правам ништо долго време веќе ме фаќа с’клет. Сепак едно време бев навикната на секојдневни тренинзи па телото самото си бара движење. Шуќур инаку не знам што ќе беше со мене.

    Во недостиг на потопло време за да почнам да трчам повторно, доста пешачам. Така да девојки, ако ви недостига некакво движење а не успевате да вежбате, каде и да одите ако не се лизга или не врне, ви препорачувам да одите пешки, слушалките во увце, и движете се во ритам.
    Па уште и ако сте на високи штикли, охохооо газето ќе ви биде џоа Шакирита мучачита :)
     
  14. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    На штикли? Јас па имам слушнато дека ако пешачиш на штикла се создава притисок на задниот дел од ногата и се создава целулит..Исто и од тесни фармерки :?: Значи од тоа како јас живеам. Штикли и фармерки. :D
    Да бидам искрена, не сум редовен спортист, понекогаш, онака интервално одев на аеробик, ама нема фајде од тоа. Среќа што сум природно слаба и така поприлично затегната, инаку со моево невежбање до сега ќе бев од оние со багер што ги вадат од дома исполепени со празни фолиички од Марс чоколатца :D
    Како и да е, ајде благословете ме од денес ќе вежбам во Б Трајковски! Има да се расфрлам таму по справите, можно е до Брза помош да дојде работата :rofl: :rofl: :rofl:
    Ај џитнете по една чашка вода, just in case...за атар!
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јок бе, каков целулит?! :) Па со самото тоа што си дигната на штикли напнуваш одредени мускули од нозете постојано, плус со самото пешачење ги активираш уште повеќе. Не еднаш ми се случило да ме боли г’зов и нозете од подолго пешачење исто како да сум вежбала.

    Секако зависи какви штикли! Не смее чевлата да биде неудобна затоа што тогаш па ќе си ја искривиш ногата, ама ако е квалитетна чевлата и во штикли имаш совршена рамнотежа, тогаш немаш гајле ;)
    А тек ако се опнеш на справи со штикли или на орбитрек, охохооооо :D Можеш да замислиш! Оревчиња ќе кршиме со г’зињава!
     
  16. An..anicka

    An..anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Sekoj vtor den vezbam 1 saat vo teretana i posle 30min do 1 saat masaza,na kraj mnogu dobro se osekjam:))))
    [mod-kirilica:1m40m5jy][/mod-kirilica:1m40m5jy]
     
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Јас почнав секоја вечер да правам стомачни .. :)
     
  18. An..anicka

    An..anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3

    се извинувам за моето пишување на латиница :D
     
  19. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Вежбам во домашна атмосфера и во зависност од расположение.Најчесто склекови и фитнес вежби а доста често практикувам јога вежби и медитација која одлично ми прилега :)
     
  20. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Не вежбам во фитнес сали, не посетувам часови по аеробик, посебно не сум љубител на групни вежбања и никако не ми делуваат стимулативно. Но критичните телесни точки – задникот и склоноста кон млитавост изразена во подгрбавен од ме натераа да го сменам мислењето. Одлуката падна пред едно четири години кога се почастив со две справи – степер и една слична на справата на Чак Норис (но не е таа) која опфака вежбање на ножните, рачните, стомачните а посебно на грбните мускули, за правилно држење на рбетот кои благодарение на упорниот дух, воља и посветеност на целта веќе 3 години, не фаќаа прашина на таван, а рбетот ми доби форма на С латиница. На најголемо задоволство на мајка ми, која си препишува нејзина заслуга за мојата упорност и да ликува на крај дека, ете, се исплатило долгогодишното мавање по грбот, за мое добро и за моето формирање на зрела девојка од која ќе бликнат женските атрибути.
    Еден кризен период, вежбањето ми беше своевиден лек и психичка и душевна терапија, кое за малку ќе ме свртеше против самата себе, ако продолжев опсесивно да вежбам и да ги запоставувам обврските и убавите работи ако не си ја приуштев дневната доза на вежбање. Значи 3 пати неделно, по 45 минути, со брзо и исцрпувачко темпо на подолг период без паузи, не беше за моето тело. Да, се дефенира мускулна маса и во еден момент се кажува стоп, па се преоѓа на лесни лежерни активности, пешачење, брзо одење, па и едно пеглање по дома или усисување е доволно за активирање.
    Заклучувам дека цаката е во урамнотежениот живот, показател дека нешто не штима, или преовладува кризен период е одењето во екстремности, во кои покрај другите пороци се вбројува и вежбањето, ако ти е изместена перцепцијата и осетот за мерка. Така да, одговорот е дека се уште вежбам, ама со мерка и прилагодено на издржливоста на телото, кое само си регистрира кога и како, без напинање до истоштување. А периодов на зимска депресија го одбележувам со друга крајност на двомесечното легачење, зјапање во таван и наканување да се мрднам со закржлавените мускулчиња. Ама и не ми е ич лошо.
    Така да, слушајте си го телцето, тоа најдобро знае што му треба, кога да јадете, да вежбате, да спиете и одете по неговиот пат и само опуштено.