Вежбам 3-4 пати неделно со вежбите на Tammy (ги најдов на youtube сосема случајно минатото лето) а исто така и секој ден пешачам... Можеби не е нешто посебно, но мене ми е доволно, бидејќи немам вишок килограми (туку баш напротив, мислам дека ми треба некој килограм плус ), вежбите ги правам да го зацврстам телото, а исто така (барем така сум слушнала) со самото тоа што трошам енергија, ќе ми се зголеми апетитот... засега добро функционира
Порано вежбав почесто и идев во теретана сега немам толку време ама сепак пак вежбам претежно овие вежби http://www.youtube.com/watch?v=ryuGJhAIZNo
секој ден освен кога имам циклус. Еден ден правам стомачни,еден чучеви и така наизменично. Лесно е и не одзема многу време а резултатите се задоволувачки.
четири пати неделно ама комбинирам активности за подобар резултат.не жалам ни време ни пари за здравје и убавина.Убавото чуство кога ке си извежбаш, не се споредува со ништо.
3 пати неделно аеробик и ако ми текне некогаш дома да фатам да вежбам, ама тоа ретко, немам многу време а и голема мрза сум
везбам секоја ве4ер два саата никогас не сум била на диета во мојот зивот едноставно се цудам зосто некој не го избере овој нацин за да има прекрасно тело без да го малаксува организмот.јас везбам усте од мали нозе и до сега сум имала колограм и повеке и помалку но факт е колку и да изгубите и додадете формата на телото и мускулите остануваат мене цесто ме прасуваат како тоа да немам целулит па едноставно убаво е кога се гризите за самите себе така показувате колку се гризите за се во васиот зивот добро има исклуцоци напред девојки во здраво тело здрав дух поздрав4ееее
Еден час дневно, 20 минути на степер останатото време најобични вежби, стомачни и за затегнување на задникот.Од понеделник ќе одам и во теретана
Вежбам дома,фитнес од ју тјуб секој ден 15,20,30 мин кога како,пред легнување вежбам,освен кога имам циклус
поретко вежбам(што да правам кога сум мрзелива) ама многу пешачам и никогаш не сум имала проблем со килограмите а здравје боже во план ми е да си купам еден Орбитрек
ДО пред две недели скоро воопшто и да не вежбав, потонав во зимски сон. Сега вежбам три пати неделно во фитнес клуб. Искрено подобро се чувствувам со самото сознание дека правам нешто корисно за зголемување на кондицијата.
секој ден возам точак и вртам хулахоп по 20 мин..исто така секој ден правам стомачни и склекови , а и 3 пати неделно одам на хип хоп...и пак имам вишок кг
Конечно и јас да се активирам на ова поле . Решив ако не секој ден бар преку еден ден да правам стомачни вежби а и некој други кои баш овде ги најдов на фемина..Баш се добри
Се зачленив во најубавиот фитнес центар во градот Тетово - Foxy. Има најдобри инструкторки кои го даваат максимумот од себе и бараат максимум од нас што вежбаме. Одам 3 пати неделно за по4еток, а потоа планирам да одам секој ден. После секое вежбање се чувствувам прекрасно.
Моментално само на физичко Ама од први април ќе бидам активна и на ова поле, мора да се биде во топ форма за на лето
Вежбам по 40 мин дневно. Си ги правам сите вежби за нозе, задник и стомачни (цел ју тјуб го поминувам мислам ). Да се затопли ова времето и ќе почнам да трчам.
Вежбав секој ден насабајле и навечер стомачни, склекови и чучњеви и имав екстра резултат али од кога почнав да работам немам време сега за тоа и немам вежбано па може месец и нешто али не дека ги имам изгубено стомацните па сега пак ке бидам активна
Не вежбам ич и не се сакам таква. Порано вежбав секој ден, имав вежби за грбот. Полека полека ме надвладеа мрзата и почнав да ги намалувам, додека не се откажав скроз. Сега сум улежана до 100. Секој ден си викам ај да почнам пак и никако да почнам, па си викам ај летото па ќе видиме
Последните неколку денави сум влезена во филм Скокам на јаже и од што не бев вежбала 100 години нозете ме болат многу! Воспаление на мускулите Ама не се откажувам...неее ...засега не (а знам дека ова нема да трае долго) Па и стомачни почнав да правам (30 едвај направив) и од болки сега не можам ни да кивнам!