Вежбам пилатес 2 пати неделно и тоа ми е сосема доволно да ја одржам формата. Идеално би било 3 или 4 пати неделно, но планирам да почнам со тенис или трчање ако е потопло од следната недела, и така ми е поубаво вежбање надвор на воздух. Зимоска си правев комбинација од еден час Зумба и пилатес и имав супер резултати, зумбата ги намалува масните наслаги а пилатесот тонира. Стомачето го намалив за 2, 3 недели со ова комбо
Секој ден скокам на јаже по 50мин до 1 саат(зависи колку време имам). Инаку секој втор ден правам вежби со тегови(највеќе за раце и стомак,затоа што нозете ми се стегнати-многу скромно ) А кога имам време си возам и точак или ролерки
Пред неполна половина година одев три пати неделно на фитнес. И се чувствував со многу енергија, пораздвижена и не се изморував лесно.Потоа го баталив фитнесот и сега се засилив веќе една недела вежби дома правам. Ги применувам овие од фемина и од уште еден друг сајт каде прават по напорни вежби и разновидни, па ке видиме резултати.
До пред два месеца вежбав 5 пати неделно по пола саат, ама многу обврски ме нападнаа, а признавам и мрзата, па престанав да вежбам
Сега чим затопли секој ден ќе идам на кеј да си спортувам, малку трчање, малку одење, малку навежбани момци и така
Вежбаше порано често само стомачни и грбни, ама од кога го имам масажерот од топ-шоп (relax and tone) не сам мрднала тешам се со него хаха освен одење и шетање (ако се брое)
Ако не го рачунам викендашкото активно денсање и џускање, вежбам правилно типкање на тастатура, седнување во фотеља, на столче, на тросед, легнување во кревет и секако вчера го набилдав бицепсот дигајќи ја чашата во правец маса - мојата уста, мојата уста - горе во вис, горе во вис - маса. Десната рака ми е битно набилдана. Чиниш порнич сум си пуштила. Не дека не Досадна сум, нареднава недела се надевам сосема оздравена одам повторно у напад! ЈБТ и дупе и све, има да бидете уште полични и поцврсти до летово. Ја ви кажувам! ЈА! Море има ореви да кршам со него! Дупе - оревокршачка! Нов аранжман.
вежбам скоро секој ден,освен коа ептен ептееееен ме мрзи иако тоа е ептен ретко! Не вежбам само кога имам добиено! Некако убаво се чувствувам после тоа
Се смета ли трчањето ?? 4 дена на кеј, еден одмарам и пак 4 трчање... и така ја вадам цела негативна енергија од мене... а и по некоја калорија
Секој ден по околу половина час, може и повеќе ако имам време. Настојувам секој ден да вежбам барем по малку, така се чувствувам многу убаво. Кога е убаво времето трчам на кеј или возам точак.
Не знам колку се смета за вежбање трчање по деца .... Кога е убаво времето ќерка ми вози тротинет или точак, а ја трчам по неа да не се утепа, трчам по скали кога е таа надвор, а јас внатре и се дере ко да ја коле некој-мааааамо...и слични ситуации. Ефикасен начин за намалување килажа и добивање линија е и детското проодување, ама добиваш и непосакуван кичматранс.
Секој ден вежбам Стомачни, Склекови и чучњеви а и скокам со јаже.А стомачните ги гледам од youtube и се екстра и имам резултати ммммм коцкички
Се извинувам но морам, ова ко колешката моја и моја драга пријателка да ја слушам. Со неа џогирам воедно понекогаш, односно трчаме. И еднаш ја викам пак да џогираме, и ми вика. А јас денес истрчав бајаги. Од кујна до дневна, од дневна до спална, од спална до детска, и се така. Перпетум мобиле. Ќе видиш де и ти кога ќе имаш деца Така да - се РАЧУНА!
Ова како јас да се читам, само ви надполнла аи добро раздвижени зголоби на нозете од пристискање, гас, куплунг кочница!!
2 пати неделно и тоа со сила... сум имала доста обиди за секојдневно вежбање, но по некое време мрзата си го прави своето и заборавам да вежбам. како да ја стекнам навиката?
Секој ден по 15 минути скокам јаже [во 3-4-5 серии = 15] и таман губам 300 калории така да супер ми е.