Последната недела почнав да вежбам редовно секој ден, за одморот да се стегнам малку . Вежбам вежби од Синди Крафорт секој ден, денес вежбав и јога.
Секојдневно вежбам, но не исто временски. На пример, некогаш половина час, некогаш 45 минути, некогаш саат. Зависи од расположение најчесто, ама сепак не изоставувам ден.
Скоро почнав со малку „поекстремно“, потешко и почесто вежбање. Одморот се ближи. Веќе неколку денови по ред станувам во 6:30, 10-15 мин. се спремам и излегувам да џогирам. Трчам со темпо, константно без прекинување, околу два километри, можеби и повеќе, а потоа се враќам до дома со брзо одење. Многу ми е освежувачко наутро да трчам, зашто ако трчам приквечер тешко ми паѓа дека енергијата за тој ден ми е скоро изгубена. Вака наутро, со „најтазе“ енергија супер ми е, дури можам да истрчам повеќе од вообичаено. Кога ќе се вратам си се туширам и тоа ми е дабл рефрешмент Имам читано дека поубаво е да не се вежба секој ден, туку преку еден ден, за мускулите да се одморат, но планирам првиве 2-3 недели да вежбам строго, колку да набијам строга кондиција, а и гледам да не се напнувам премногу. Сега за сега мускулите не ме болат, фала богу. После тоа, секој ден правам повеќе стомачни вежби, за горните мускули на стомакот, за долните посебно, за страните на стомакот, за целиот стомак, за нозете едно 4-5 вида вежби и за задникот. Понекогаш правам и женски склекови ама тие тешко ми паѓаат.
На топлово не се вежба, се потам како прасица. Малку забушавам периодов, ама затоа и слабо јадам, што од топлиниве што од нервоза.
Верувај ми, наутро е најубаво. Доколку можеш да стануваш во 6 или 6 ипол, супер, зашто веќе после 7 ипол сонцето се искачува и веќе пече. Навечер исто така е жешко, и иако го нема сонцето, спарно е и тешко е. И те советувам ако можеш да станеш, одвои само пола саат или саат, станувај барем колку да истрчаш некој круг низ населба или да направиш неколку вежби, стомачни надвор, додека времето е свежичко. А доколку многу ти се спие, можеш повторно да си легнеш после тоа.