Ми беше досадно,побарав ваква тема,немаше и решив да отворам. Спојлер Има општо за пижами тема. На колку денови си ги менувате пижамите (доколку ги практикувате )? Јас на секој 3-4 дена,немам толку пара за секој ден . Дали цел ден поминувате во пижами? Јас не можам,по дома сум си во хеланки/тренерки/шорцеви. Исто така,кога ќе се избањам навечер,обавезно облекувам нови пижами,некако друго чувство е.А,вие? Спојлер Ако е глупа темата-клуч
Ги менувам два до три пати неделно. Понекогаш знам и цел ден да го преседам во пижами, особено ако тој ден не излезам никаде. Да се надополнам. На одмор со другарки. 10 дена. Си спаковав два пара пижами. Мислам нема смисла да паковам десет, не ќе го полнам цел куфер само со пижами. Ако ништо друго нема да ми остане простор за алишта преку ден. Ќе бев секоја вечер со чисти пижами, а секој ден со испотени алишта... која е смислата? Кога одам на одмор не планирам да перам. Го планирам паковањето така што нема да имам потреба да перам. Која будала пери рачно на одмор? Сигурно ги има, ама јас лично не одам на одмор за да перам рачно секој ден. Да правам нешто што ни дома не го правам (постојат нели машини, фала богу). Е сега што ми беше поентата на мубетот. Едната од другарките си носеше пижами за секоја ноќ, а ни се чудеше на нас останатите за тоа како сме можеле секоја вечер да легнуваме со исти. Што е иронијата? Девојчево навистина секоја ноќ си ставаше нови, чисти пижами, но не ја чистеше шминката. Секое утро нејзината перница беше се' повалкана и повалкана. Подобро да носеше 10 навлаки за перници отколку 10 пара пижами. Нејсе. Друга, за мене несфатлива работа. Девојчињава влегуваат да се тушираат, излегуваат од купатило црни околу очи. Добро, се капите секаде, ама лицето не го миете? Како може да излзеш од капење без лицето да го измиеш? Влегуваат нормални под туш, излегуваат вампири. Не разбирам. Ама океј, секој како што мисли дека треба, така нека си прави.
Ги менувам секои 2 дена, максимум 3, зависно дали сум спиела само со нив или сум ги носела подолго, сепак пред спиење секоја вечер се туширам ама пак некако да ги носам подолго од ова нехигиенски ми е. Инаку и јас, ако седам дома цел ден, го преседувам во нив, најкомотно ми е. Обожавам пижами, имам 3-4 пара омилени, во нив ми е најкомотно на цел свет. Другите ги складирам така или кога ќе решам да сменам или па се перат тие омилените што ми се. Пижамохолик сум ако има ваков збор (сигурно нема).
Со оглед на тоа што не сум од тие што седат цел ден в пижами туку ги користам само за спиење, менувам 2 пати неделно.
Порано се случуваше да седам цел ден со пижами, па ги менев секој ден, а сега не седам дење со пижами па ги менувам на 2 -3 дена.
Јас имам само едни вистински пижами, другите се лабави широки маици и шорцеви што со тек на време станале пижами Не дај боже да ме види некој како спијам.
Имам два пара, и на 3 дена мислам е најдобро да се менуваат. Е сега некогаш се случило да ги носам можеби и повеќе, ама 3 дена е доволно и после на перење. Само спијам со нив, не се шетам по пижами или во нив да седам цел ден.
Ептен сум мераклија за пижами, постелнини перниции се шо е со спиење поврзано, пижами ис лајф три пати во неделата менувам, тоа незначи дека лискам пари на пижами пошто ги има и по 300 и 200 ама знам да си направам ќејф и за некој многу по квалитетни и поскапи пошто си уживам во тоа. Летно време може и на денот да се случи да ги менувам пошто ептен ми е мерак од кога ќе се истуширам пред спиење скроз чисто да си облечам.
Шминката се растекува, си има средства за нејзино чистење. Пред да се бањаат треба да ја извадат шминката и готово.
3 пати во неделата,а ги носам само за спиење нормално не е згодно да седам во дневна соба со родителите по пижами
На 5 6 дена или еднаш неделно, зависи од сезоната, се туширам секоја вечер пред спиење не гледам потреба од почесто. Летно време по гаќи и широка маица спијам.
Многу нормално. Не ми беше муабетот дека лицето треба да го мијат каако што ги мијат нозете или рацете, туку како може да се измие цела, а лицето да го остави валакано, растечено со шминка. Да не објаснувам детално како и со што се мие секој дел од телото.