Познавам луѓе што спијат само по долен веш. И велат дека поубаво и покомотно спиење од тоа нема. Иначе имам и јас некои такви партали за спиење. На лето ми се омилени и најкомотни две широки маици. Едната е од Синалко, а другата е од Златен Даб. Бидејќи се подолги, така, по гаќи си спијам. Милина ... Туку, не можам да ги сфатам тие што одат до продавница по пижами, па и по папучи. И надвор и дома со папучите
Многу глупо од страна на другарка ти што ви се чудела на вас како не сте менувале секоја вечер пижами. Изгледа дека сака да глуми некоја тешка педантерија но самата се издава дека не е со другите постапки што ги прави што не брише шминка пред спиење. Кога сум одела со друштво на одмор воопшто не сум се замарала кој колку пати се пресоблекува и какви пижами облекува. Сум гледала да си поминам убаво секако и другите со мене што се. Јас менувам на 3 дена. А за тоа црнило околу очите после туширање има решение. Шминката многу лесно се брише со кокосово масло.
Пижами немам никогаш купено, последните ми ги купи мајка ми во осмо за екскурзијата. И јас по стари маици и шорцеви... Маиците на ден, два... шорцевите некој ден плус ги носам.
Секако дека има решение за шминката на очите. Што се' не постои денес за чистење на шминка. Меѓутоа тие излегуваа вампиросани по бањарки, па си сушеа коса, па се облекуваа... дури пред излегување ќе ги исчистеа црнилата за да стават нова шминка за излегување. Не можеш да не приметиш кога ти застанува пред тебе, те гледа в очи и ти прави муабет како да изгледа најнормално. Не оти сакам да приметувам или оти баш за такви нешта се загледувам по луѓето. Исто и за перницата. Не можеш да ја наместиш спалната без да ги видиш пудрите и црнилата на перницата. Не сум отишла за маани некому да наоѓам
3-4 дена, ама сега летово ми е раат, скроз гола си спијам, и по дома скроз гола, пижамите на пауза малце
Зависи, порано на една недела, или 2 пати во недела. После кога се роди малата и по 2 пати у ноќ(ради бљуцкање). Сега пак на старо. Лето може и почесто нормално. Ама практикувам чиста да ги облечам пижамите. Ако ги облечам испотена и нетуширана, со прашина од надвор и 2 ноќи е многу у исти пижами. Но, не е битно тоа. Мене ме чуди што некој долен веш не менува. Имав една другарка така, на одмор, сабајле соблака гаќи и облака купачи, се враќаме оп истите гаќи, пак плажа, оп пак истите гаќи. И така неколку дена. Искрено искрено се надевам дека и беа дупликат
Еј баш ме изненадивте. Појма немав дека се менувале пижами секој ден, па и секој втор ден. Јас менувам еднаш неделно, зависи некогаш на 5 дена, ама навистина не гледам потреба за побрзо од тоа. Се туширам секоја вечер пред спиење, па и кога ќе ги ставам за перење не се нешто нечисти. На лето и јас спијам по шорцеви и маичка.