Актерските способности ми се слаба страна во негативна смисла. И во ситуации кога сум свесна дека навистина е потребно да го одглумам она што не сакам, а тоа е единствен начин за придобивка во моја полза, многу тешко ми паѓа самата помисла да правам нешто што не е дел од мене, а за жал, се почесто се соочуваме со вештина на глума.
Последните години не глумам. Ама сум глумела и тоа како.Лудило.На млади години. Како созреваш така од страна гледаш како глупаво изгледа глумењето и еден ден ќе го ,,отчекираш,, од секојдневни ,,обврски,,. Глумат луѓе околу мене и да Ви кажам личат на Глупи Август
По принцип животот никогаш не ми се базира врз глума за придобивка на нешто или некого. Сметам дека немам потреба од глумење лудило пред било кој и што, живеам онака како што умеам и сакам, со својот карактер и особини.
Најчесто глумиме за небитни работи и околу небитни луѓе, а на млади години сватив дека за небитни работи немам време во животов. Нит се замарам, нит се нервирам. Што на ум - тоа на друм ( понекогаш со мало задоцнување ), али тоа е...
Кога треба.И многу сум вешта во тоа. Повеќе пати другарките ми кажале дека треба да членувам во драмска секција.
Незнам да глумам, лажам. Реалноста ќе ти ја олеснам во очи макар во огин фрли ме. Во одредени ситуации знам да кажувам "да да така е" со пола уста, кога се уморувам од објаснувања.
Не сакам да глумам и затоа не знам да глумам. А си треба таа вештина за одредени ситуации, како џокер .
Не сакам да глумам, до сега само сум се нашла во ситуација да излажам за ситни здравствени проблеми сè со цел да не секирам луѓе околу мене и за тоа ми требало мнооогу напор и вежбање минимум една недела пред огледало. Јас ги осеќам луѓето околу мене кога глумат и ја имам таа интуиција да знам кога ме лажат. Мене лажењето повеќе ме асоцира дека кон себе си имаат еден неискрен однос, помалку битно за пред други. И дури кога имам доволно уверливи информации нешто во мене пак ми кажува дека личноста на големо глуми, а често ја имам таа среќа/привилегија и да за кратко набрзо се уверам во вистинитоста на интуицијата. Или пократко речено, секогаш се наоѓам на места што не треба, во време кога не треба. И тука највеќе ме губат луѓето што ме зеле здраво за готово. Али да, некогаш би запишала часови по глума чисто од љубопитност да видам што испуштам. Ако воопшто нешто и испуштам.