Не многу често, иако често е релативен поим. Повеќе сакам да излегувам преку ден, на пример, на кафе или на ручек, отколку навечер. Кафани и дискотеки слабо посетувам, да не речам воопшто. Сакам да го искористам сончевото време за пешањече, парк итн.
Откако воведоа вакцинални сертификати за излегување никаде не одам зашто не сум вакцинирана. Летото излезена бев секој ден и пред пандемијата многу излегував. Викенди постојано во дискотека, работни денови во кафичи секој ден шетав. Убави времиња беа тоа.
Излегуваме редовно навечер и со сопругот, и со другарки и со пријатели парови. Седенки преку ден набрзинка на кафе не ги бројам во излегувања. Од кафани како Скопски Мерак, Дукат, ресторани како Воденица, Four, кафичи Мош, Интермецо, Трибека, BKW, Three Kitchen Bar...
Во дискотека повеќе од 3 години не сум бил, не сум таков тип, ме гушат такви места, премногу е тоа за мојата интровертна страна. Во кафулиња еднаш неделно со девојката, на некое јадење одиме еднаш месечно. Се собираме најчесто дома, летно време во дворот со друштво седевме скоро секој втор ден, поекономично ми е.
Ретко. Не обожавам клубови. Не сум бил со години. Во последно време најчесто знам во ресторан да отидам, еднаш неделно.
Не многу често. Немам ни пријатели нешто многу, немам ни пари, а и ме гушат места со гужва и смрдеж на цигари.
Ќе се напарфимираш за излегување и дома доаѓаш усмрден на гадни цигари, цела облека корне труе иако не си ни пробал цигара ти самиот. Прегадно ми е, џабе си се спремал.