Порано ретко искачав али после нова година скоро секој ден сум негде дури и заборавив како е дома да се седи...
Додека трае школска година 1-2 неделно,за зимски распуст секој 2-3 ден,а за летен распуст секој ден(нормално,мора да се искористи и да се ужива во времето ).
од понеделник до петок скоро секој ден на кафе...а во викенд еднаш [или петок или сабота],а некогаш се случува и цел викенд да сум излезена...
Од пон-пет само ако имам потреба да купам нешто одам до центар , а петок и сабота излегувам , а на летниот распуст излегувам кога ќе ми текне ,мислам не гледам дали е понеделник или сабота или слично .
За викенди,петок навечер,сабота преку ден ако е убаво времето или на гости со моите,навечер у сабота,и понекогаш недела преку ден
Од пон-чет поретко,повеќе сум излезена во петок и сабота најчесто на кафе или во парк,или на шопинг со другарки,или пак се собираме кај некој дома и исто така често одам на утакмици ракомет,особено кога игра металург И да некогаш и на журка и така
Од понеделник до петок зависи колку обврски имам,а за викенд,во петок навечер,во сабота преку ден и навечер и недела преку ден.. (секако ако сум слободна )
По барови и кафичи не излегувам НИКОГАШ. Некако работите во градов глуп се сменија, одвратни ми станаа.... Си седам по паркови, си се пијанчам на раат и ефтинија Или кафица некаде... Или прошетка... Или во кола Инаку секоја вечер сум излезена
Па.. овој период,многу реткоо.Лето е и некако за се ме мрзии.Сакам да лежам,да гледам некое филмчее и нормално да ЈАДАМ !