Секоја вечер.. а некогаш и преку ден. Дома не сум прибрана. Татко ми постојано вика: Стварно незнам како издржувате со ова темпо бе деца, од каде толкава хиперактивност? Имам и друштво а од скоро и дечко па морам да им посветам внимание на сите.
Во распуст скоро секоја вечер излегувам, а понекогаш и преку денот ма да обично жешко е во лето и не преферирам да ги мерам улиците, па си седам дома. Во учебна година излегувам само во петок и сабота, но тоа зависи колку имам за учење. Имало викенди кога не сум излегувала поради учење Сепак учењето ми е на прво место
Сега за време на распустов секој ден сум по надвор,ретко дома знам да останам некоја вечер.Максимално го користам времето,а и не сум тип на личност која сака да биде затворена во соба и да седи по 12 саати на компјутер.Одиме по турнири,знаеме да се собереме да играме карти да се почастиме нешто..времето ни поминува... П.С па од септември ке се чека само петок да дојде
2 пати или 3 пати неделно излегувам со другарка ми во град. а секоја вечер со другарка ми се шетаме низ маало
кога е лето,излегуваме 1-2 неделно со другарките на кафе,а секоја вечер само се шеткаме на плоштад или си седиме на клупите пред мојата зграда,инаку кога е школска година 1 неделно одиме на кафе.
Во пубертетските денови си излегував навечер доста, оној период кога се ти е ново. После тоа, почнав се поретко, го запознав дечко ми, се сведе на ич (бидејќи си е мирен дечко, не одам ни со него во ноќен живот) и полека сфатив дека и не сум тој тип и не ме привлекува ноќниот живот, повеќе сакам да си седиме кај мене или кај него дома, да шетаме, да седнеме на вечера и слично. Мирничка сум си јас, спремна за мажење.