Секој ден, дали денски, дали навечер морам да излезам барем малку. Ќе пукнам цел ден ако сум дома. Сега летово претежно излегувам само навечер, преку ден не ми се мрда на жешкото
Многу ретко се случува тоа да помине цела ден а јас ни еднаш да не испаднам од дома,ќе паднам во депресија така ми треба воздух,да се дотерам и да се прошетам па макар и до продавница само
Додека бев во школо само за викенд искачав, а сега обавезно секоја вечер, а преку ден може да отидам до кај некоја другарка (колку да не сум дома), по жешково не се ни шета хехе
Ептен ретко од причина што живеам доста одалечено од центар. Излегувам да но кога другарките ми се тука. За после заедно да се вратиме а вака сама да се враќам навечер во 11/12 низ темното нема шанси. Има секакви луѓе. А некогаш се случува овде и кај неа во паркот во маало седиме, сепак не се седи се дома се гуши човек.
Порано секој ден, сега поретко.. не дека немам со кого секој ден ме викаат другарки ама не ми се излегува некако.. поубаво ми е дома да си седам со пуштена музика или да читам нешто. А и зима е па може тоа ми влијае на расположението .