И после толку месеци, јас пак со истиот одговор... Ич не излегувам. Тогаш си мислев (кога сум пишал последен пат на темава) дека за некое време ќе се променам. Ама јок, бре, брате...
Порано излегував 2-3 пати неделно цело време со другари/другарки.Сега кога сум во врска се се смени.За викенд со него излегувам навечер, со другарките преку ден кога имам време или после школо некогаш.Од многу обврски немам време за сите
На кафе или пијачка секој ден после работа со дечко ми, за викенд исто така терам кафе ама со другарки. Ретко пропуштам кафе шема Сабота вечер исто не пропуштам да излезам или одам во кафана со друштво или на вечера во некоја пицерија, ресторан со дечкото. Во диско или клуб мн ретко, дали 5/6 пати годишно, воообичаено за некој празникот кога ќе се расположиме па ајде да продужиме негде. Не сум за жалење
Скоро и да не излегувам, излегувам само на прошетка и секогаш цепам соло. Друштвото го отерав по ѓаволите затоа што какво друштво имав поубаво да го немав.
За распуст секој ден, некогаш прескокнувам, а за време школска до сега искачав само петок и сабота недела ретко кога.Ќе видиме од годинава како ќе е.
Ретко. Повеќе сакам мирни места, него ли гужви и искачања премногу. Поубаво ми е да се собереме со другарка дома отколку да се шетам надвор.
За обично излегување излегувам секој ден со дечко ми навечер претежно, за викенд понекогаш си шеткаме подалеку. А за вечерно излегување во викенд многу ретко, имаше порано период кога секој викенд и петок и сабота навечер бев излезена, но не стојат веќе исто работите со друштвото и така.
Кафе-шема си практикувам често, или седнување во пицерија/ресторан за ручек, вечера или навечер на некој десерт.
Во нормални услови - еднаш за викенд, а може и преку втор викенд. Одам на кафе или слично. Во лето отприлика секој трет ден, а на забави многу ретко. Во време на коронава - На почетокот не излегував воопшто. Сега еднаш до два пати неделно шетам низ град, но не сакам да седнувам по кафичи и ресторани.
Па многу ретко излегувам. Само некогаш кога другарките ќе запнат и ајде тогаш да. Инаку подобро ми е кога ќе се збереме заедно кај некој дома него ли да излегуваме во гужви.
Заради ситуцијава со корона избегнувам кафичи и ресторани дали имам 5 пати седнато во кафич додека трае ситуацијава со корона, повеќе на прошетка во природа барем 3-4 пати во неделата.
Со коронава, ептен ретко. До маркет, по кеј на пешачење/возење велосипед, или навечер круг еден до Центар и назад. Има еден пар во зградава, и со нив само се дружиме поинтензивно, и излегуваме на прошетки. Бидејќи знам дека и тие и ние се чуваме колку можеме повеќе. Со другарки и другарки само видео чат, дали и по 2 пати се имам се секоја видено последните неколку месеци. Дури и дома кај моите немам отидено веќе два месеци. А во кафич/ресторан ич. Бев две недели сега околу Македонија низ повеќе места, но со дечко ми претпазливи цело време, дури и ми здосади. Не е времето за шетање на раат. Инаку во нормални услови излегував почесто. Почесто си одев дома, и цел викенд надвор со другарките. Излегувавме со дечко ми на вечера, ручек, кафе во парк, кино - секој викенд. Си одев три пати неделно на вежбање Преку недела обавезно доаѓаа кај нас пријатели, или ние кај нив.