Колкупати често кажувате благодарам за се што ви се случува во животот, па не мора и да ви се случува нешто?Пример кога станувате наутро дали си кажувате благодарам, и ако си кажувате нели чувствувате колку сте исполнети со мир спокој, едноставно се чувтсвувате убаво!!Моето мислење е дека не често, ами постојано треба да се заблагодаруваме за се.
Не знам дали ме разбравте што сакав да кажам:"Дали на утрото и на денот му кажувате благодарам што сум жива и здрава и што постојам".
Кажувам благодарам секогаш кога некој ќе ми помогне. Како што кажа ти, секој ден се заблагодарувам што сум нашла сили и сум успеала да го пребродам предходниот, и кажувам благодарам на моите родители што постојам и што ми даваат основа и причина за живот. Благодарам им кажувам на моите пријателки кои се секогаш тука со мене, и во добро и во зло, кои ме тешат кога ми е најлошо, кои плачат и патат со мене и кои лудуваат и се среќни кога и јас сум среќна. Му се заблагодарувам и на оној кој ме сака, ме сака и со моите мани и недостатоци, ме сака онаква каква што сум, без да сака да ме промени. И се заблагодарувам на светлината, на сонцето, зашто без нив се би било темно. И се заблагодарувам на природата која толку мислела на нас и создала пријатни услови и можности за живот. И се заблагодарувам на техниката, бидејќи да не беше таа сега немаше да бидеме тука, на форумов. Му се заблагодарувам на човековиот разум и логика. Без нив денес светот ќе беше полн со неизлечиви болести и зарази. Им се заблагодарувам на талентираните, слободоумни души кои создале толку многу дела во кои можеме да уживаме, уметнички, литературни, музички. Се заблагодарувам што имам кров над глава и доволно пари за барем скромен живот. Најголемо „Благодарам“ му кажувам на Господ што ми дал можност да го фкусам и искусам животот со сите свои дупки и планини, искачувања и паѓања...
Искрено, немам навика наутро да си кажувам благодарам што нов ден е пред мене, што сум жива и здрава. Најчесто благодарам го користам кога некој ќе ми помогне, ќе ми заврши услуга, ќе ми поклони нешто
Јас си кажувам благодарам на секој оброк. Доручек, ручек вечера обавезно. После си кажувам благодарам пред спиење. Кога ќе ја здогледам светлината на денот, ако не кажам благодарам мислам дека цел ден ми е пропаднат
Доволно често,побитно е на тој што ќе му го кажам дека му е заслужено! Е штета што луѓето се скржави на убави зборови,па затоа јас поретко го добивам,но... Живот.
Па често кажувам благодарам, во продавница кога купувам, во кафич кога ќе ме послужат и секако кога некој ќе го заслужи тоа благодарам
Сама на себе никогаш не си се заблагодарувам... А иначе зборот благодарам секојдневно си го употребувам на некој кој стварно ми завршил некоја услуга,во продавница и ред други работи.Убаво кажа mysterious кај нас луѓето се скржави да го употребуваат зборов.
Во денешнинава, и да му кажиш благодарам на некого, не му значи ништо. Па зашто да се мачиш? Затоа заблагодарувај се сам на себе, што си тука и што постоиш затоа што од другите,нема чаре
многу често се заблагодарувам дури понекогаш и си се критикувам самата себе бидејки никој веке не го цени тоа што си културен спрема него а многу ретко го слушам од луѓето во последно време
Секогаш кога треба. Значи доволно често. А во однос на појаснувањево... секоја вечер пред спиење му се заблагодарувам на Дедо Боже што ми ги чува здрави и живи тие што ги нервирам.
Самата на себе не си кажувам благодарам, а сакам да почнам да се заблагодарувам на Дедо Боже за нов ден, нов почеток, оброј, ручек.... и ке почнам... А секогаш знам да кажам благодарам на продавачка, на поклон, на келнер/ка ( а многу се нервирам кога ке ми донесат кафе а нема да ми кажат повелете и џабе си викам благодарам )
често го користам,секоја вечер кога се молам се заблагодарувам за денешниот ден потоа во продавница кафич на луге кои ке ми завршат нешто или ке ми дадат кафе сок небитно.и после јадење се заблагодарувам
Многу често, фала за ова фала за она фала, и извини исто, на сите мои блиски а и на тие што не ги познавам, секогаш кога ситуацијата го налага тоа, и кога ќе го почуствувам истото така сум воспитана и фала им на моите за тоа.
Навистина често, сепак култура мора да се има. Познавам доста луѓе што не кажуваат фала ама претежно се машки. Многупати ми се случило да ми дадам нешто или да му помогнам на некој мој другар а он ни фала ни ништо само едно океј како да фала не им е во речникот.
Многу често.Често сум доведена во ситуации да молам и зато благодарам е неизбежниот збор од моја страна.Во банка,суд ,полиција,факултет,болница секогаш јас нешто имам потреба и се си се заблагодарувам по шалтерите.Многу често знам од преголема благодарност или осетливост кога луѓето ме услужиле да дадам кафе или чоколадо.
Доста често велам благодарам, некогаш и се критикувам самата себе затоа што не секој заслужува да му се заблагодариш, но за останатите np А навечер не заспивам без да му се заблагодарам на Дедо Боже за се што ми било пружено во текот на денот...