Многу често. Почнувајќи од секојдневни чести ситуации па се до битни и навистина големи услуги или помош, или даден совет - е тогаш се заблагодарувам повеќе пати. Често пати ме караат другарките и ми викаат - аман мори ти со таа култура Па што да правам, навика од детството ми е, така ме научиле - тешко дека сега на овие години ќе се одвикнам од ова. Ме нервираат луѓе кога за битни работи не знаат да се заблагодарат или уште полошо, ќе промрморат само - М. Епа М и на тебе
Секако дека го користам зборот Благодарам често.Се разбира од култура и начинот на кој сум воспитана.Се заблагодарувам за комплимент даден, направена некоја мала или голема услуга и на убав муабет кога ќе си направам со некого или во продавница кога си одам ако ме услужила продавачката како што треба.Од култура не можам а да не речам, меѓутоа гледам луѓево се поретко го користат тој збор.Дали не се навикнати или не се од дома така воспитани незнам ама мене ми смета кога некој не се заблагодарува кога треба.Бон тон!!!
Го користам многу често. Секогаш кога некој ќе ми помогне нешто, или ќе ми одговори на нешто знам да кажам благодарам. Нема ништо лошо во тоа и сметам дека треба сите да го употребуваат.
Треба често да се заблагодаруваме, ама еве јас немам некоја навика да го употребувам. Само кога некој ке ми направи услуга, му се заблагодарувам
секогаш кога ќе увидам дека некоја личност заслужила со односот кон мене тогаш од се срце кажувам благодарам. А за тоа дали лично сама кон себе си искажувам благодарност за тоа што постојам што се будам и легнувам, јадам и пијам не и немам таква навика.
исто и јас секојдневно го употребувам и баш убаво се чувствувам кога ќе го изговорам.некако како да ја подигнувам моралната свест кај луѓето а посебно кај некои продавачки кои ме услужиле намќоресто
многу често се заблагодарувам,а многу ретко го слушам од луѓето во последно време. И начер се заблагодаруам на Господ за се сто имам во животот. Тие што не знаат едно благодарам да кажат, толку им е културата за жал.
Го употребувам мн често секојдневно, во секоја ситуација во која треба да се употреби и мислам дека луѓето го ценат тој збор.
Па доста често, само шо ја кажувам „Фала“, а не „Благодарам“. И често коа ќе речам фала ми викаат за фала нешо се дава. И наопачки ја им викам.
Во текот на денот мозеби 100 пати јас сум таква на пример и дома кога јадеме сите заедно на маса ке казам : Мамо ај ако сакас подај ми го лебот.ФАЛА... и други примери безброј незнам така сум навикната и го ценам тоа кога некој го практикува културно ми е и не ми е теско да се заблагодарам па и кога одам кај баба ми и гледам дека зената ми зготвила јадење и гледа да ми угоди на секој мозен начин па како да не и речам благодарам за се а и опсто во град кога излезам тоа е дел од моето секојдневие
ни премалку ни премногу, сосем доволно. можеби треба почесто бидејќи у суштина сум многу благодарна личност, за се нешто чувствувам благодарност, но тоа не го искажувам, па давам впечаток на себична и умислена личност.
Често... тоа прво од дома ме научиле, те молам и благодарам, и навика ми е и за најмала ситница да бидам многу благодарна. и не ги сакам луѓето што не кажуваат благодарам, некако ми се без култура
Јас кажувам многу често благодарам......ми се случија тешки работи во животот,па може затоа сега многу повеќе ценам некој ствари.... Кога најдов работа-реков фала ти Господи,за секој положен испит,за секоја убава работа,за секој убав миг........ Секогаш кога некој ќе ме услужи му кажувам благодарам со насмевка.....дури и пречесто почнав да го користам овој збор ,бидејќи порано немав навика да кажувам благодарам ,ни за жива глава