Постојано. Се заблагодарувам и за најмалата услуга, и за најмалата придобивка. Така се чувствувам подобро.
Јас за се и сешто викам „фала„ Навика ми е да си викам „повели„ да кажам „фала„, ама и најискрено и очекувам од другите да кажат исто „фала„ кога и кажеш „повели„
( Малце офф топик можеби) Имаше една жена заедно одевме на пилатес, и раскажуваше како одела по цркви, пеела по хорови во црквите и такви некои работи, голем верник била во тој смисол и се сеќавам пред вежбите зборувавме за постот пред празниците и кога слушна дека инструкторот и неговата фамилија не постеле многу беше исфрустрирана како тоа тие не веруваат незнам што и овој само и рече дека си верува тој на свој начин дека не прави нешто што му рекол некој друг ако не чувствува потреба да го прави тоа. Муабетот ми беше дека и јас така на свој начин верувам дека постои нешто таму горе и гледа што правиме, многу случки ме увериле во тоа, и кога работите си се редат така како што треба едноставно ми доаѓа да извикам ти благодарам! или да се погледнам нагоре и да се насмевнам аа за случки каде некој ми направил и најмала услуга се заблагодарувам бидејки ми доаѓа од внатре, ако не речам фала како да имам грижа на совест дека нешто заборавив да направам. Исто ме нервира кога ке помогнам на некој и нема да ми се заблагодари!
Значи секогаш кога некој ќе ми помогне за нешто или ќе направи некој добар гест, му се заблагодарувам. Кога ќе им кажам „благодарам“ за помошта што ми ја пружале, очекувам и кога јас ќе им помогнам да ми се заблагодарат ... но тоа не е секогаш така
Кажувањето зборови и реченици како благодарам, повели, нема на што -повели и друг пат, на здравје и сл. ги сметам за бон-тон, општа култура. Треба да бидат составен дел од секојдневниот разговор. Па макар и кога некој ќе ти подаде нешто, кога ќе ти подготви ручек, кога ќе ти отвори или придржи врата, кога ќе ти отстапи место да седнеш и сл., кога ќе ти даде било каков совет културно е да се заблагодариш, но и да го мислиш истото, а не само ради реда.
Па... често. Многу често. Кога некој ќе ми задржи врата, ќе ми направи место или пат. Кога ми даваат фискална и кусур каде било. Кога некој ќе ми подаде моливот, ќе ми го позајми, или ќе ми ја крене јакната која ми паднала... кога ќе ми даде некоја информација.... секогаш. За се. Дури и за најситни работи.
Доволно често, било за ситница или не, доколку има потреба кажувам. Тоа ми е знак на општа култура, исто како кога во лифт ќе кажам на мајка на другарка ми Добар ден, а таа ми врти глава. Ме вадат од такт луѓе кои не знаат да кажат фала/благодарам. Ок, сум ти помогнала, не барам повратна услуга ама штом сум се мачела убаво ми е да чујам нешто за благодарност!
Онолку често колку што е потребно и налага ситуацијата. И за најобична работа кажувам фала (ова почесто го употребувам), кога некој ќе ми врати кусур, исто ако ми позајми некој предмет на школо(молив, пенкало) или во било која ситуација ако некому речам да ми подаде нешто некој предмет викам фала пишувајќи го постов се осеќам ко да сум во основно сега и колку сме биле паметни и културни на некоја тема на учителката и кажуваме . Нормално секогаш кога некој ќе ми рече повели одма следи фала .
Секојдневно во просек 100 пати, тоа благодарам и повелете како ми е извежбано и на тоналитет и на нагласок, абее чудо.