„Благодарам“ речиси никогаш. Си викам „Фала“ и тоа доста често. Често го користам и во иронична форма, најчесто на сестра ми, кога ќе ја замолам нешто, а нема да го направи тоа
Исто. Премногу често кажувам фала, не благодарам, а знам и да го искористам како ироничен одговор кога некој нема да направи нешто што ќе го замолам.
Воопшто не ми е тешко да речам `благодарам` ако има потреба,т.е вака ко ќе подразмислам,мислам дека многу често кажувам. Тој збор е дел од мојата култура,моето воспитание и мислам дека треба што повеќе да го користиме.Да,да. Но,како што се заблагодарувам,така сакам и да ми се заблагодаруваат,зошто многу е невкусно кога знаеш дека треба да добиеш едно `благодарам`,а човекот го снема како молња од кога го добил тоа што го сакал,а ти си сторил се за да го добие.
Благодарам ретко, ама фала го користам доста често. Порано на пример кога ќе му подадев нешто на некој, наместо тој да рече фала, викав јас. И така кога си бев помала кажував фала и кога треба и кога не треба. Инаку да се надоврзам на темава, една од работите која многу ме иритира е кога човек не знае да каже фала кога треба. Според мене тоа е некултура.
Исто и јас зборот благодарам ретко го изговарам но фала кажувам често, при секое купување од продавница, при секое излегување од такси, при било какво позајмување и слично.
Никогаш благодарам, секогаш тенкју. :/ Еднаш на професорката по македонски, место благодарам, тенкју. А вака, во секојдневниот живот, постојано викам тенкју. За побарана помош, за совети, за подадена чаша вода. Нормална работа, нели ? Затоа што, без навреда, тоа кажување благодарам на денот, ноќта, пред ручек, вечера, ми е малце wierd..
Мислам дека целта на темата не е да не натера да кажеме дали велиме фала или пак благодарам.. Нејсе, јас многу често се заблагодарувам. За секакви ситници! А пак за големи, има да се однесувам кон некого со секакви почести. Благодарна девојка сум, ценам се што е направено за мене, но затоа знам и да наградувам..Пх..колку што можам јас.
Секојдневно, но мислам дека повеќе од култура се заблагодарувам како на пример во продавница во тскаси. И воопшто не ми е проблем да се заблагодарам некој нешто ми помогне или ми направи некаква услуга.
Постојано . Сепак тоа е збор кој искрено ја карактеризира личноста. Значајна карактеристика на личноста, дали таа знае вистински да го почитува тоа што е направено за неа.
За многу работи сум благодарна, и си го кажувам тоа, не само вербално Паметам и ценам се што луѓе направиле за мене, и нив секогаш ќе им бидам благодарна за истото. Што се однесувам до "благодарам" го користам и повеќе од често, и кога треба и кога нетреба. И пред домашни за секоја ситница...