Постојано кажувам благодарам. Кога некој ќе ми сврши некоја работа, како можам да си останам рамнодушна и да речам само океј, како и некои што прават? Тоа ми е многу неблагодарно.. Му кажувам благодарам во секоја прилика на Господ што сум здрава и жива. Исто така, во продавница, секогаш викам благодарам, во кафич некој, во сендвичара... Секаде каде што услужуваат. Немам навика да викам благодарам кога ќе се разбудам насабајле...
Тоа го правам и јас.... Дури и од дома ме прекоруваат,зашто за се' викам Благодарам..... Само на утро не сум во состојба ништо да направам,а камо ли да речам благодарам
Ретко кога кажувам благодарам но многу често велам фала... Навика ми е уште од мала да кажувам фала/благодарам и така сум израсната што мислам ако некому не кажам фала а треба, се чувстувам непријатно.. Тоа е култура така да не ги разбирам оние кои никогаш не велат благодарам.. Барем од почит ако не од ништо друго...
И јас секојдневно велам благодарам во комуникацијата со други луѓе кои ме услужиле или ми помогнале. Не велам благодарам што сум здрава и жива, незнам зошто немам навика. А многупати сум си размислувала какви сме ние луѓето. Кога ни треба нешто знаеме да кажеме помогни ми Господе, а кога се ќе заврши добро ретко велиме ти благодарам...
Секогаш кога има потреба од тоа. Никогаш не го штедам овој збор го кажувам од срце, кога чувствувам и имам потреба за тоа.
Кога има потреба да му кажам некому благодарам,инаку не. Не сум таква личност и кога некој ќе ми се изнаразвика да му речам ’БЛАГОДАРАМ’. Го кажувам само ако навистина го мислам тоа
Често кога е зацлужене. Макар и за малецки работи. Видов дека има мн позитевен ефект кога искрено се заблагодаруваш и се трудам да го ценам значењето на овој збор
многу често,навика ми е да кажувам благодарам,повелете и сл,дали било во продавница,кафич,такси,на работа и слично..дури сум заприметила дека на лугето некогаш тоа им е чудно,а јас не гледам тука ништо чудно,не ми се одзема ништо ако одвојам секунда да кажам фала на касиерката,келнерката што ми вратила кусур,едноставно тоа благодарам ја прави по благопријатна комуникацијата со лугето,и јас сум работник и знам што значи кога муштеријата ке ти се насмевне и ке ти каже благодарам,фала, а што значи кога некој ке ти ги фрли парите и не те ни погледне,небере си му ставила нож на грло за да му ги земеш а не да си го услужила.сега боже мој,секогаш не ни е до насмевка и до заблагодарување нели,човек некогаш има лош ден и не му е до ништо,мегутоа сепак треба да се биде пристоен,зошто тој другиот што стои спроти нас и не услужил не е виновен за нашата нервоза па нему да му истуриме.. исто така ако некој ми направил услуга не ми е проблем да кажам благодарам,ако некому сум згрешила не ми е проблем да кажам извини,едноставно не сум тешка на зборови како некои..е неможам да делам прегратки и бакнежи на кој ке стигнам како некои.за да прегрнам и бакнам некого треба да ми значи,а на такозвани пријателки и небитни личности не можам..
Не сум од оние носот нагоре и врвам. Кажувам тогаш кога сметам дека е потребно да кажам. Сепак, се’ е до воспитувањето и навиките.
Не толку колку фала, но во последно време, си инсистирам самата на себе да го исфрлам од речникот. И да го заменам со Благодарам. Се заблагодарувам секогаш кога некој ќе ми помогне за нешто,па било кој да е и непознат. Еден збор нема можеби да смени многу ако го кажеш или не, едноствано ќе покаже дека си учтива и воспитана личност.