искрајно јас сум личност што за ситница ако неко направи за мене веднаш кажувам благодарам незнам зошто едноставно тогаш се чуствувам подобро знаејки дека така сум докажала на личноста дека иако нешто мало направил за мене сепак за мене е тоа значајно
Лесна сум на зборови, не ми е проблем на некој што заслужил да му кажам „Благодарам“ или да се извинам кога ќе згрешам.
Составен дел од речникот ми е благодарам,најчесто за ситници се заблагодарувам повеке одколку за нешто повредно за жал
Секогаш, макар тоа била и нај малата ситница, секогаш велам Благодарам! А има луѓе што премногу сум направила за нив и дури ни фала не кажале, а за друго па да не правам муабет.
На секоја ситница, тука кај што живеам ако не кажес "danke" "bitte" те сметат ѕа невоспитан, и е многу некултурно. Во Македонија исто, за секоја ситниза викам „благодарам„ или „фала„ . Кога е во мој круг на пријатели, семејство, познати , викам „фала„ , додека кога се наоѓам во продавница или банка или некаде на друго место обавезно „благодарам„. Мислам дека ако го кажам овој збор устата нема да ми се исуше, нема да ме маат со камења зашо сум го кажала ..... Со секое заблагодурување си ставете еден голем + во вашиот карактер. Како ши вика маж ми "immer danke -bitte sagen" „секогаш викај благодарам-те молам„
Многу често, како и Повели, Извини,... и се обидувам да ја создадам таа навика кај сите мои драги луѓе околу мене..
Постојано. Дури и по дома кога барам нешто од сестра ми да ми подаде и викам благодарам или фала. Незнам како ми премина во навика, а и повели постојано го употребувам
Благодарам секогаш викам кога тоа и го мисла, кога на некој стварно сум му благодарна, а за правење лице не. Иако за жал познавам и такви кои за умилкување и правење лице постојано се заблагодаруваат. Понекогаш му се заблагодарувам и на животот и судбината ако ме изненади позитивно , иако во последно време добрите работи ме заборавија.
Често викам Благодарам, но само на оние кои треба и го заслужуваат тоа. Исто така се заблагодарувам што постојам, и што секое утро Господ не заборава да ме разбуди.