Многу често во последно време.. и тоа за работи како дај ми чаша вода- благодарам а претходно ја земав чашата од рака и како ништо да не било.. но почесто велам фала отколку благодарам
Доколку некој навистина заслужил, и додека навистина се чувствувам благодарно, во последно време многу често. Да, БЛАГОДАРАМ е само еден збор, но доколку се употреби искрено многу значи, а некому ќе го направиш да се чувствува многу убаво. Но, зборот треба да е искористен правилно.
Постојатно. Од големи работи, до најмали ситници. Да ми подаде некој нешто, да ми направи добро или слично, јас на се се заблагодарувам. Дури и сум станала досадна, па многу ме опоменале дека нема потреба од толку заблагодарување за ситници. Ама што да правам кога очигледно чувствувам потреба да речам поради направената услуга или било што.
Често, и многу пати другарките ке ми се насмеат бидејки на продавачка во продавница сум кажала благодарам, така сум васпитена
Многу често кажувам БЛАГОДАРАМ,тоа е сепак култура,нема ништо да ми биде ако кажам. Исто и ја за најмали ситници се заблагодарувам.
НЕ Често ПРЕ ЧЕСТО Пре мислам нема човек што кажува повеќе благодарам од мене. Може се забележува и на форумов. Викам и благодарам и ставам е ај сега
Секогаш кога треба, понекогаш дури и кога не треба, ама ако, нема да ми биде ништо ако кажам и тогаш, лошо не може да биде во никој случај, само добро може да е. Сепак, тоа е одраз на воспитание и култура. Му се заблагодарувам на Господ навечер, кога се молам, за тоа што ми ги чува саканите и мене и што ни дава здравје и живот. Насабајле немам навика да се заблагодарувам, но би сакала да почнам .