Преку ден кога сме заедно со дечко ми носам танга . А кога сум дома сама си носам гаќички и за спиење носам гаќи.
Не поштуем танга. Ај што е аут, ама ич не ми се удобни. Како да имам стап во задникот кој не ми дозволува да одам исправно. Да не коментирам дека синтетика прави беља и ред др. негативности. Едино полу-танга, бидејќи нели мора некако да се најде златна средина со фантазиите на "понежниов пол" Јас лично боксерки многу си сакам, таква форма имам што ич не ги чувствувам на себе.
Скоро па ич. Само памучни, домаќински, оние 4 за 100, или како сакате наречете ги. За да можам да ги ставам на 90 степени во машина, без тоа, не носам гаќи. Е сега имам некои џиџани, имам и сексиљави, ама тие поим немам од кога не сум ги облекла. Имам и еден пар, за ''црне дане", што и црни ми се деновите, кога ќе ги носам, ама ајт, некогаш се мора, гардеробата си бара. Носам боди, зиме-лете, што ќе ми е танга. Спојлер Еднаш ми се падна танга во смоки, ги дадов на една бифша другарка, она си ги утепа од носење..
Никогаш. Тангата, всушност, не му прави никаква услуга на вашиот задник. Покрај тоа што не е хигиенски, треба да имате совршен задник за да изгледате добро во танга. Многу посекси ми изгледаат (а и изгледам во ) чипканите боксерки, посебно ми се допаѓаат оние со висок струк. Ми се допаѓаат и оние со набори. Како подароче
^^ Oксиморон, кај може да најдам вакви? И потполно се согласувам со мислењето на Оксиморон. Освен ако немате добро оформен задник, се друго изгледа како пудинг во танга. Јас никогаш не носам. Не се чувствувам удобно, не сум јас тоа, неможам.
Кога излегувам претежно носам танга, а особено ако носам нешто тесно или проѕирно тогаш под обавезно е тангата. Ма да обожавам да носам и чипкаста долна облека. Маклу ми е глупаво да излегувам со оние памучни гаќички 4/100. Сепам мислам дека секоја жена треба да биде уредно средена и облечена па дури и кога оди до банка, бидејки никогаш не се знае што може да се деси на тој пат. Бидејќи некои прилиќи мораат веднаш да се зграпчат бидејќи се непофторливи. И нетреба да дозволиме некои нешта да не изненадат само заради нашата неподготвеност.
Никогаш не носам танга и не се согласувам дека ако носиш танга носиш привлечна долна облека. Оние што имаат добар задник не има треба чипкани гаќи туку и во тие од 4/100 многу добро изгледаат. Не носам танга и од медицински причини како што се инфекциите.
Е каде де, that is the question Ако патот те носи кон нашиот јужен сосед, можеш да побараш во H&M. Тука слични имам видено во Accessorize (ама ја не би 800 денари за пар гаќички), а понекогаш се наоѓаат и во New Yorker.
jas nosam samo na beli pantolomi i na tesni fustancina a sega ja zakaciv dosadnava kandita taka da nosejne po eden mesec
Јас носам само за посебни прилики,под тесен фустан кога сум на некоја свадба или прослава.инаку по дома нема шанси...здравјето ми е пред се` не сакам постојано да водам битка со разно разни инфекции
Дури и да носам танга,раката се ми е одзади,се иам чуство дека гаќите ми се у газ и демек да си ги наместам ко шо треба
Скоро никогаш! Не е заради комоција туку зошто имам читано дека не е хигиенски, па од таа причина избегнувам да носам освен кога е неопходно, односно кога обичниот долен веш би се оцртувал.
Порано носев многу ретко, само за облека што мораше. Сега често за излегвење, па и за носам дома носам ама полутанги некои секси чипкани, си се осекам секси
Искрено, многу ретко. Само ептен некогаш кога мора, односно кога носам облека која не дозволува да се носат обични гаќи. Инаку, имам навика секогаш да купувам градници и гаќички (обични) во комплет, па вака во „нормални“ денови си носам такви гаќи. Мене ми се многу послатки некои убави, чипкани гаќички од танга, на пример. Не мора да е танга за да биде секси. И плус, тангата е најнехигиенско и најнепрактично нешто што може да постои, извор на многу инфекции.
Јас и (би)тангата сме скарани. Па то не прија на моиве задни перничиња бре, цела ја јадат навнатре. А тоа скокотка и иритира! Покомотно би се осеќала во братскине, памучни гашти со ногавици и карнерчиња. А убави ми се на изглед и сакам, ама не е тоа за мене. Еднаш најдов едни дома, веројатно комплет иделе со наметка една. Ги облеков и ги слеков за 3 минути. Јас со такви да одам, рацете само позади ќе ми се и ќе ги влечам, ќе ме гледа народ и ќе ме жали, кутро дете сигурно нема да се измие, па со раце си се чеша/чисти. Зелењак.