Не носам танга. Имам облечено еднаш само и многу лошо ми беше чувството, а и многу неудобно. Кога носам нешто потесно, си имам нормални гаќи, како мрежести се, со многу ситни дупчиња. Супер лежат и воопшто не се познаваат.
Носам само по ептен посебни прилики ама полу-танга,не онаа ептен,иако имам и такви носено.Најудобно ми е во женски боксерици и ми изгледаат многу секси,иако и во танга не се осеќам неудобно.
Кога носам нешто потесно, на кое би ми се познавале гаќите обавезно носам, инаку обични. Ама, сите гаќи стално ми се трљаат од гзот, па ја све гу гаќе танге направи!
Само кога морам заради облеката, сељандурски ми се рабови од веш. И толку колку што е "дозволено" од медицинска, однсно хигиенска гледна точка, а тоа се само неколку часа.
Девојки во недела сум на свадба и планирам да носам едно тесно фустанче. До сега не сум носела танга,но ете сега за свадбата планирам да носам бидејќи ептен е глупаво да ми се познаваат рабовите од гаките Малку е глупаво прашањево но мислите ли дека ќе биде малку глупаво на мои 17 години да одам и да си купувам танги? Стварно некако чудно би се осетила, сепак до сега немам ни купено,ни носено..а срамежлива сум малкуу
Никој ништо нема да ти рече, нема ни зошто. Башка можеш да си купиш од пазар, или од некоја поголема продавница, ако си од Скопје мислам на Еко или Елит. А и да влезеш во продавница со долна облека сигурно нема никој ништо да ти искоментира, им е гајле нив колку години имаш, битно им е да купиш нешто
Ретко носам танга претежно кога носам тесна облека гаќички без раб носам памучни се и многу се пријатни.
Обично за викенд кога излагам,или кога ми се познава гаќата на некој посветли или потанки пантолони.Мразам да ми се познаваат рабови.
Носам. Најчесто кога облеката ми е тесна и кога сакам да изгледам и да се чувствувам посекси Не се осеќам баш најудобно во неа, но ете то е пусто женско шо да прави..
Никогаш . Еднаш имав обид да носам ама цела вечер ко на трње да седев и од тогаш не нее.. Кога носам нешто тесно си имам купено од оние гаќичките без раб и ништо не се оцртува
Јас си купив лани во Џамбо по 80/90 денари беа мислам. И тоа си зедов портокалови и зелени флуоресцентни
Јас секогаш носам танга, освен кога имам добиено, мада некогаш и во такви ситуации ако треба да носам тесно фустанче. И удобно се чувствувам во танга, не ми е воопшто непријатно
Не носам. Не прави да се чувствувам убаво и не поседувам танга, ниту пак би поседувала во скоро време.