Порано носев често, но сега не. Не од причина дека ми смета и неможам да ја поднесам туку ете од здравствени причини можеби. После секое носење секретот ми се појачува и затоа можеби ретко носам, т.е. носам само кога навистина на некое фустанче или пантолони морам да носам заради естетска причина.
Гледам дека замрела темава... Јас носам стално, мислам дека и немам друг долен веш освен танга.. Ги имам во сите бои и обожавам да ги носам.
Само за посебни прилики, свадби или нешто друго, секако ако немам добиено, пошто си сум баксуз и за секоја таква прилика ми доаѓа.
Се почесто и почесто, а тоа значи не само ако облеката ми го налагала тоа, што беше случај до пред неколку месеци. Не е ништо поразлична од класичните гаќи, само е поудобна и дава посекси изглед на задникот. Сепак, нумеро уно ми е полутангата, незнам какви не дезени и бои си изнакупив.
Често. Но тоа е воглавно кога сум излезена, кога се чувствувам секси и кога облеката ми го налага тоа. Низ дома иначе не носам, преферирам удобност барем коа сум дома.
Единествено кога ептен мора да носам, а тоа е многу ретко,мислам гледам да е ретко оти ич не ми е удобно со тие гаќи. Претходно многу ги носев кога почнав на почеток да излегувам,сега тешка работа. Пуф гаѓи
па не многу често само летно време и тоа ептен кога некоја облека го бара тоа не ми се многу удобни а и не се здрави за носење често мајка ми стално ми го казува тоа
Порано почесто поготово на хеланки (срам да ми е) ама сега многу поретко, кога носам нешто ептен што отцртува или ако сакам да го изненадам саканиот.