Носам кога имам облечено фустан или сукња и гадно би изгледало со обична гаќа..Првите пати многу премногу ми сметаше, сега сум веќе навикната ок ми е ама не ја обожавам Штета што нашиов менталитет за танга е хаос
Порано имав влезено во филм од многу гледање слики на инстаграм, тамблр и ред други фешн блогови од префинети девојки по дома во совршена долна облека и фризура во стилот - кежуал пуштена иако закажав 3 термини на фризер и се мењаа 2 фризерки од кои едната е сега на физикална, и решив да бидам ко од блог излезена цело време, зошто скриени камери дома и публика, нели. После 4 месеци носење од нормална танга, до миле-то на баба ми телевизорот што стои, до - мислев дека тоа е за ловење риби, сфатив дека животот е премногу краток за да имам материјал во задникот. Од тогаш, танга исклучиво за искачање или кога комфи гаќичките ми се за перење и немам друго освен задникомачителите. Ама затоа после искачање од врата фрлам тангата џоа каубој и правам еден трбушни плес дур ги барам домакинските гаќи 3 броја поголеми и поткинати кај ластикот. #ЈОЛО
Најчесто за излегување (а ретко излегувам) или некои свечености каде што носам нешто што ги оцртува обичните гаќички
Тангата за мене е најголемата глупост која жениве ги носат,не да се чувствуват удобно туку пак поради тие нагони за кокетирање и заведување на мажјаци.Не ги носев ниту кога бев млада а пак сега да можам до врат ке си ставам како ролка.Хахах хасе шалам.
Јас танга носам секојдневно, обични гаќи носам само кога имам добиено. Поудобно се осеќам кога носам танга, од проста причина што не ми се натутмуваат гаќите па да морам да ги тегнам постојано.
Само во кревет ... Или евентуално кога налага облеката да мора испод нешто минимално да биде. За секој ден ми е No go
Само кога излегувам за викенд. Обичните глупо ми излегаат што се познааваат рабови на фустан на панталона.Секојдневно од оние без рабови. Општо ме нервираат рабовите што се познаваат.