Во некои ситуации самата облека налага да мора да носиме помалце видливи гаќи, па тогаш тангата се идално решение. Пример потесно фустанче или панталони, ептен не убаво ми изгледаат рабови огромни од обично гаќи, а со танга се надминува тој проблем. Но во последно време тангата ја заменувам со гаќички без раб, ем поудобни ем пак не се оцртуваат рабови, така да тангата се подлабоко останува во фиоката за веш оти ретко ги користам. Реално, од секогаш ми биле неудобни па колку и секси да стојат.
Носам само кога облекувам нешто многу тесно за излегување на кое обични гаќи би се оцртувале..Не обожавам да носам затоа што ми смета, а и не е хигиенски
И мене ме нервира тангата, ама некогаш морам да ја облечам. Зависи од облеката што ја носам. И за посебни пригоди со маж ми.
Мразам танга. Ужасно незгодна долна облека. Ја носам исклучиво само за естетски причини во одредени ситуации. Спојлер if you know what I mean
Омилена боја за танга ми се црна, црвена и розева. Ама пред некој ден се изненадив колку е секси и виолетовата танга. Ја прашав девојката од кај ја купила, ми рече во New Yorker.
А што мислите наш удобно ни е вратоврска да носиме? Тоа ти е исто ко бесилка да се врзуваш секое посебно излегување, само што другиот крај за среќа завршува надоле А да не зборам за свадби во лето, а ти заврзан до гуша горе.. Ама на девојката понекогаш и е мерак да те повлече за кравата... епа и нам ни е секси понекогаш танга да ни проѕирка од фармерките и да ни рече: јухууу, ќе ме плеснеш после така?