Интересна тема..одам многу ретко..порано одев дури бев дете и додека мајками и таткоми беа тука но сега многу ретко..
Секое лето, најчесто по 2 пати... Зима, баш и не сакам.. Продолжени викенди по 3-5 дена неколку пати годишно
На летен одмор најчесто одам два пати и тоа еднаш во јуни и еднаш кон крајот на август. Во меѓу време одам и на продолжени викенди. Исто така и зимно време задолжително морам да го посетам Банско и Маврово. Покрај тоа барем еднаш во годината одам и на патување на некоја убава дестинација која до сега ја немам посетено.
На одмор одам летен период, обично Јули или Август, 5-7 дена и плус некој викенд до Грција и Охрид. Некогаш се случувало и два пати во текот на летото да отидеме на одмор, ама не подолго од 7 дена. Во останатиот период од годината, обавезно неколку пати на викенд до Охрид, но и надвор од државава.