Ај да ве видам за оваа тема како ќе се изјасните? КАКО СЕ СПРАВУВАТЕ СО ИСТУТКАНИ АЛИШТА???? Едит: Насловот е јасен. Дали сакате да пеглате или повеќе сакате да купувате гардероба која не се пегла? Сметате дека непеглана облека на вас ќе привлече внимание? На колку години се научивте да пеглате и започнавте сами да си ја пеглате облеката и останатите материјали? Што ви е најтешко да испеглате? Женски форум , женска работа зошто да не се дискутира и на оваа тема иако денешново време ги принудува и мажите да се пеглаат сами.
Едитирав и ќе го скршам мразот.Нека има дискусија. Не сакам да пеглам иако не знам уште точно како се прави тоа, по потреба некогаш да , ама секогаш правам рабови (од сите домашни обврски оваа ми се гледа најтешка) Уште гледам како пегла мајка ми и би требало од неа да научам. Сега се ми изледа тешко, ама кога зедов кошула да пеглам,не прашувајте за крајниот резултат се одкажав на почеток,ама се се учи .
Мразам да пеглам. За мене тоа е најдосадната работа на цел свет... се би правела попрво,само да не пеглам! Кога ми треба нешто испеглано, ја викам мајка ми или сестра ми. Е сега, се има случено да се зезнам...Земав сама да пеглам една свилена кошула...иииии благо кажано, ја утнав работата Свилата е дефинитвно најтешка за пеглање! Со другите материјали можам да се справам некако. Голем дел од облеката што ја носам немам потреба да ја пеглам. Ете, на пример никогаш не сум пеглала фармерки Ме чуди коа некој ќе ми каже дека пегла...
Си купувам работи кои не се пеглаат, ама затоа е тука дечко ми кој за на работа мора да е облечен во кошула, така да пеглам секоја вечер и воопшто не ми е проблем
НЕмам ништо против пеглањето и не ми претставува мака, нормално кога треба и е неопходно да се пегла. Инаку мн мн ретко пеглам, скоро ич. Немам потреба да ги пеглам алиштата што ги носам, ептен само некои летни блузички, ама ништо страшно. Знам да пеглам и кошули и се. Не ми е задоволство, меѓутоа не ми е ни некаков проблем .
па кога не може мама да ме испегла, морам јас важно се трудам, сега не пеглам убаво како неа ама пак се трудам ... а инаку мразам да го пеглам еден бел дуксер што го имам
Дали сакате да пеглате или повеќе сакате да купувате гардероба која не се пегла? Па, кој не сака да си ја скрати работата? Сметате дека непеглана облека на вас ќе привлече внимание? Епа ако е ептен непеглана... Ако се само две до три црти, што не се приметуваат.. Не. На колку години се научивте да пеглате и започнавте сами да си ја пеглате облеката и останатите материјали? На.. Па мислам дека беше лани. 15 години Толку касно зошто имам една огромна лузна на раката од пегла, и одтогаш многу се плашев од пегли... Што ви е најтешко да испеглате? Свила.. Ликра .. П.С. Скоро никогаш не пеглам , само ако сум втора смена во школо, сабајле си пеглам
За полесно и поубаво и многу мирисно пеглање го препорачувам: http://www.paglieri.com/en/4/12/198/prodotto/Perfumed_Ironing_Water_Spray_/ Felce Azzurra Perfumed Ironing Water Spray. Околу 130денари мислам е. Пробајте!
girl1985 кај може да се најде ова средство? И се става(раствора) во пеглата или пред пеглањето се прскаат материјалите?
Срцка, го има по маркетите, го земам од Тинекс или Рептил. Инаку не се раствора, директно се прска. Но јас кога ќе дојде некаде на 1/4 си додававам вода и извлекувам максимум хехе. Пробај, мислам дека ќе ти се допадне, полесно е пеглањето и остава убава свежина на алиштата.
Не ми е тешко да пеглам, од мала пеглам сама, знам да испеглам и деликатни материјали убаво, ама најмногу се нервирам кога треба да пеглам кошули, значи некои материјали ептен тешко се пеглаат уффф...
Чудно но пеглањето ме релаксира .Пеглам откако знам за себе Посериозни опекотини фала богу немам , барем засега.За мене тоа е можеби наједноставната домашна работа , но искрено одбегнувам да пеглам , не за друго одзема многу време . Ставам повеќе омекнувач и облеката пред да ја ставам да се суши добро ја протресувам. Блузите се сушат со долните краеви нагоре зафатени со штипки , така и да останат траги од штипките нема да бидат упадливи
Пеглам!И тоа со пареа со миризлива вода!Ме опушта! Ги пеглам после сушење,па ги диплам и задолжително уште еднаш пред облекување!Мора да се беспрекорни и на мене и во плакар! Само на одмор си допуштам да одам непеглана!А додека мојон како од сушалица,така на себе,си ги пегла! Ми доаѓа да го соблечам и да го испеглам со пегла на батерии,ама чекајте прво да ја осмислам,патентирам и создадам,па може и на дело ќе премине таа моја неодолива желба!
Мразам да пеглам. Се' што е поврзано со алиштата - од машината за перење (која не знам да ја вклучувам, знам дека е едно копче, прости ми Господе), до пружање на жица и собирање и на крај пеглање и диплење, сите работи ме нервираат ненормално многу. Најдосадната работа на светот. Не пеглам ама баш ништо, само она најнеопходното , и само мои работи. Попрво би поминала половина ден во кујна, готвејќи.
Ружице мор,како ќе те мажиме?!Ќути не пишувај вакви работи!Галиба не видел некој маж до сега,особено Хуго,редактирај дур е време!
Дома пегламе се што носиме, но јас пеглам ретко, мразам пеглање. Посебно се нервирам кога пеглам кошули. Незнам што ќе се прави, ама јас немам баш нерви за кошулите а обожавам да ги носам, а и дечко ми Кога ќе се омажам ќе си купам пегла од топ шоп онаа што само ги поминуваш алиштата а тие висат закачени
Ух баш си сакам пеглање. Ме релаксира некако, ме смирува кога гледам како се исправуваат алиштата, како се да си доаѓа на место Ова, заедно со миењето садови, ми е една од поомилените домашни обврски.