Перам, сушам и директ под пегла. Пеглам се што може да се пегла. После се закачувам на закачалка и многу сакам кога ми е убаво нареден плакарот. Кога ми треба се ми е испеглано. Порано не практикував така и видов дека повеќе време ми одзима пеглање "пред облекување".
Еднаш неделно и тоа алиштата на синко и блузите на маж. Јас последно време за мене си купувам кошулка , блузи што не се пеглаат
Јас стално пеглам кога ги перам алиштата откако ќе се исушат во сушара или на сонце (надвор на слушалка)ги собирам потоа ги пеглам па диплам и на крај ги редам во шифуњер(шкаф).
Пеглам она што е за пеглање и кога морам. Исклучок ми се постелнини. Додека направи син ми 2 години буквално се пеглав и чорапчињата негови, дури и памперс на слабо го поминував со пеглата . Толку многу го замразив пеглањето а некогаш ме опушташе, кога ќе ми текне на купишта алишта и памперс пеглани еден по еден ги минам и ги диплам сега ми се темни . Затоа сега пеглам она што е за пеглање, и што морам, чорапи во никој случај.
Перам, сушам, пеглам. Пеглам скоро се и на закачалка. Подобро ми е така, цело време се средено и одма спремно за користење
Никогаш, со ретки исклучоци. Најчесто внимавам на материјалот кога треба да купувам, а од друга страна сакам и самата да си олеснам.
Многу ретко. Претежно материјалите не се гужваат, а она што се пегла го пеглам после перење и сушење, па да биде спремно за носење.
Само кога нешто е згужвено,а треба да се облече. Значи најмногу 2 пати неделно по 2 мин. Алал нека ви е на вас што имате живци после перење да пеглате. Јас не можам, многу време отепување е..
Ретко, само ако нешто е 100 % памук и мора да се испегла. Сега материјалите се такви, да не треба пеглање речиси на ништо.
Коа фати пандемијава периодов, еднаш пегла не фатив. Инаку пеглам пред да излезам надвор, по потреба. Дека и онака ќе ги испеглам ќе ги здиплам, ги вадам, пак за пеглање. Обично знам и вечерта да испеглам ако имам испланирано што да носам. Редакт** Последно време бирам облека што не бара пеглање, така да и пред излегување некогаш ако нема потреба не се пегла.