Ако си заинтересирана, да ти ги испратам алиштата што се за пеглање Пеглам кошули и маички со кратки ракави. Ама оние маички на кои им треба пегла Маж ми ме прашува пред некој ден Да не сакаш да ти купам даска за пеглање?
Навечер си планирам што ќе носиме следниот ден и си пеглам,или пред испаѓање,немам многу простор за закачалки во плакарот,па ако ги испеглам и здиплам после пак треба да се пеглаат. Порано кај што живеев имав голем плакар и пеглав после перење и на закачалка,спремно се за носење.
Ја имам истава, океј е. За разлика од претходни даски барем стабилна е при пеглање другите сите се клатат некако. На темава, пеглам ептен ако морам. На бебе пеглам се, а наша облека само пред излегување.
Не пеглам освен ако еептен има потреба пр. фустан, кошула и слично. Губење време ми е, испеглано седни у кола или бус и моментално се гужва облеката.
Абе пегла на пареа е права ствар. Е сеа нема да ти испегла исто како обична пегла ама ќе заштедиш време. Или старата македонска “облечи го и на тебе ќе се исправи“
Јас најмногу во ПМС пеглам Секако пеглам ама во тие денови плакарот можам и три пати да го препеглам. Обично ноќе си пеглам, музика за опуштање секогаш ми е пуштена и пеглам, ме опушта, и ми ја одвраќа напнатоста и мислите
Дали ја зема даскава и како си задоволна ? Сакам да земам даска за пеглање, на што треба да обрнам внимание, ич не се разбирам во даски за пеглање, ако имате некоја од која сте задоволни да ми препорачате ?
Ако нешто најмногу мразам у живот тоа е пеглање, пеглам униформа за на раб преку ден и така ми е преку глава барав машина да купам.
2025 година. Пеглам на децата и за нас облека. За по дома алишта не пеглам. Постелнина од сушара не пеглам. Тренерки од сушара не пеглам. Пешкири од сушара не пеглам. Живот...
Сакала, нејќела морам да пеглам. Ајде јас имам алишта кои не се пеглаат ама мм и дете освен тренерките се им е за пеглање. А и не сакам да сме непеглани Плакарот ми е поубав кога се е во линија. Само ме интересира само јас ли и пегланото кога го земам брзински го понинувам пак ? Мм што вели дупла работа ама свиткани пеглани маици раб прават од стоење. Кошулите се на закачалка ама пак де на ракав се гужва. А немам толку многу плакари за да ми е се на закачалки. Пред 2,3 месеци земавме ама пак ни фали простор за алишта
Секогаш откако ќе се исушат алиштата ги пеглам сите што се за пеглање, околу 2 пати неделно. До не одамна користев спреј, некој тука ми го препорача, ама пегла си е пегла, и многу трошев од спрејот, сега спрејот го користам само кога здиплените имаат линии за да се исправат пред носење..
Овој, за полесно пеглање е ама ако некогаш нешто е згужвано многу и напрскаш од ова исправиш со раце и закачиш да стои 5мин ќе се исправи колку толку, ама не е како со пегла.. За маица памучна е океј за линиите, ама за кошула не бива без пегла.. И спомна дете имаш не знам дали смееш неговите да ги прскаш со ова..