Пеглам секој ден, за сите дома, дури некогаш тетка ми и маж и ми носат нешто да им испеглам (живеат до мене). Многу ми е грдо кога ќе видам некој неиспеглан,како може да си дозволат така да излезат, на женските воопшто не им доликува ама посебно ме нервираат момците што се вадат на тоа дека се машки,па неможат да се испеглаат.
Пеглам некогаш кога ќе видам дека мајка ми ептен нема време,а инаку не го сакам пеглањето и тешко ми оди,посебно некои покомплицирани делови од облеката.На пример мислам дека никогаш нема да научам убаво да испеглам кошула
Во плакарот не смее блуза да штрчи од редот на другите . Не смее нешто да не е на свое место и да е истуткано . Тоа јас морам да го припазам , а мајка ми е по пеглањето , пицајзла права е Јас пеглам само кога јас нешто ќе истуткам , јас сум го изгужвала , јас и ќе го испеглам Интересно ми е коа ќе земам да пеглам ама ретко е тоа
Да пеглам баш и не обожавам. Уствари зависи од расположение. Дома пеглам понекогаш кога мајка ми е уморна или има друга работа. А па и таа каква е, кај нас СЕ‘ се пегла: крпи, гаќи, СЕ‘. Уште чорапи и хулахопки што не пегламе Ама па ептен ми е грдо кога ќе видам непеглан некој, изџвакан што се вели. Грдо.
Уф, што сакам да пеглам... може не сум нормална не знам ама си имам искуство, и сега и тоа како добро ми доаѓа а сакам, затоа што ме опушта, чудо невидено каква сум после пола саат пеглање - опуштена, се ми е рамно, ништо не може да ме изнервира. А во принцип, купувам алишта од материјали што не бараат пеглање, значи од типот „пери-носи“. А мразам да видам изгужвано, било на мене, било на друг. Порано ми беше тешко кошули и машки пантолони (оние на црта) да ги пеглам, ама сега се си знам
Обожавам да пеглам,си пуштам музика,пеам и пеглам. Знам од многу мала да пеглам,од второ одделение. Ги пеглам сите алишта откако исперени ке се исушат. Ама и пеглата мора да е добра,да сакаш да пеглаш,ако не ти ја бива,влечи,притискај од горе и цел ден и па ништо. Инаку пред некое време кај една соседка видов во шише такво со прскалка имаше ставено омекнувач и ги попрскуваше пред да ги пегла. Ем мирисаат поубаво,ем се помеки алиштата и полесно се пегла.
пеглам бе, ама не професионално само кога морам да облечам нешто, а е изгужвано и морам да го испеглам или кога ќе ме замоли некој од домашниве, да запеглам некое парче облека што сака да го носи, а не е баш вешт со пеглата
уште од мала си пеглам, ама еднаш во 4 одд.(бев сама дома а требаше да одам на школо) земав да си испеглам една блуза портокалово со една лепенка на девојче на скерол .. ама јас одма одгоре кога ја пласнав пеглата врз блузата, дел од лепенката (цртежот) се залепи за пеглата и одма почна да мириса, ја оставив пеглата, ја ставив блузата на страна и облеков за на школо друга блуза .. после мајка ми ми се смееше дека не сум ја обрнала блузата од другата страна после тоа еден период ич не си пеглав нешто, се давав на тато, мама, баба .. ама тој период малку траеше од 5 одд. пак си почнав и се до ден денес .. е сега кога е некој материјал тежок за пеглање секако дека мајка ми или баба ми ми го пеглат, ама останатото јас самата
Обожавам да пеглам....Ја пеглам сета моја облека, исто и од брат ми... Еднаш неделно собирам се и пеглам ... Тато дури ми купи и преса за пеглање...
Пегам , но најмногу мразам , леле по досадна работа нема од пеглањето, макар што пеглам само за маж ми и за мене ми е многу досадно. Инаку со машината за сушење немам многу за пеглање, не се згужвуваат алиштата, но сепак треба да се поминат. Инаку никогаш немам куп алишта за пеглање после секоја машини си пеглам. А дали некој може да препорача добра пегла бидејќи сакам да си купам нова пегла?
Можам да речам дека доста често пеглам, многу мразам кога ќе видам некој со неиспеглана облека, како од машина да излегол Порано многу сакав да пеглам, дома на сите им пеглав, јас бев задолжена за пеглањето но во последно време некако ме мрзи да пеглам
Пеглам што се мора. Значи не пеглам пешкири, гаќи и слично. Обично пеглам одма кога ќе се исушат алиштата, затоа што тогаш ги нема многу. Ако ми се соберат повеќе работи почнувам да се нервирам. Најчесто пеглам кога сум уморна од умствена работа.
Не сум некој фанатик за пеглање, попрво би измила садови, би перела или би чистела купатило - само рацеве да ми се во вода Мразам кога ќе видам некој, што вика баба ми "Како крави да му ја џвакале облеката" Пеглам се освен чорапи и фармерки. За кошули сум станала експерт, ама првиот пат кога пеглав, мислам осмо одделение бев, ми требаше пола саат. Татко ми стоеше до мене и паѓаше од смеење, а јас
Во принцип сакам да си чистам низ дома, да мијам садови, да смукам, да си средувам затоа што сум педантерија невидена, ама пеглањето ми е смрт! Немам проблеми околу алишта што лесно се пеглаат, ама имам неколку кошули за кои ми требаат по 3 саати за да ги испеглам! Е тогаш веќе сафра ме фаќа! Затоа внимавам кога купувам алишта особено кошули, па затоа последнава кошулка што си ја земав воопшто не ни и треба пеглање. Не знам што материјал е, ама ми одговара Исто ме нервира кога ќе ја пеглам униформата на татко ми (оние бели мантили, пантолони и слично) зошто и тие се од некој зезнат материјал па се потам жива додека му ги стокмам како што треба. Сестра ми сама си пегла, исто и мајка ми, така што за среќа најчесто само моите алишта си ги пеглам.
Јас постојано пеглам. Пред секое облекување, било да е за пеглање или не јас обавезно го минам со пегла . Незнам така имам навика, сестра ми пегломанка ме вика, бидејќи стварно претерувам, ама што да правам
Не сакам да пеглам! али понекогаш кога се мора.. се мора! Најчесто давам на некој друг да ми испегла, било да е мајка ми или другарка вадејќи се со изговорот дека “не знам“ да пеглам и може да ја “залепам“ облеката
Ретко,ептен,некад на искачање само кога ќе видам дека уствари нешто сум стуткала и трчам ко будала да уклучам пегла,да запеглам набрзина и да не каснам
Порано пеглав 3-4 пати во неделата. Мажулето е во костум на работа, јас во униформа на работа, затоа морав често да пеглам. Ама сега, јас не одам на работа, а маженцето го пегла свекрвата