Многу сакам да пеглам,а пеглам обично во недела на ефтина струја.Сите ми признават од другарките дека убаво пеглам како ги пеглам кошулите како од продавница.Пеглам постелини,веш,се задоволство ми е ама не ме терај да чистам.Мајка ми вика себична си и безобразна на твоите алишта најмногу посветуваш внимание убаво испрани,испеглани наредени,а за другото по дома не е толку важно.
не сакам ич да пеглам посебно летно време кога е топло ама што да се прави не сакам да излезам цела изгужвана понекогаш ми се случува да заборавам па пред излегување си пеглам набрзина а кога имам време ја средувам целата облека и тогаш сум си на раат.
Значи нешто што најмногу мрзам е пеглање,токму поради тоа пеглам по потреба,а најчесто мајка ми пегла .Додека можам не го правам тоа,е кога ке морам ке пеглам.
Како ми се погоди темава ,само што завршив со пеглање Искрено пеглам затоа што морам ,бидејки сум и мајка и сопруга ,со таа разлика што некогаш ми оди многу брзо и лесно,а некогаш едвај. Би била многу срекна кога би имало некоја фирма која за малку пари би го правела тоа наместо мене (на пример за 100-200 денари да ми испеглаат 10тина маици или кошули)
Порано многу мразев да пеглам Кога тоа пеглата не ни чинела дома Сега си имаме нова пегла и пеејќи си пеглам,посебно пред телевизор и не примеќам кога купот го нема.
Пеглам и јас, што ќе правам ама во глобала ме мрзи да пеглам. Преферирам да веднаш откако ќе ги извадам алиштата од машина за сушење убаво ги исправам и здиплам и како пеглани се (оваа ми е финта во зима кога сушам во сушара за разлика од лето кога за 30 мин алиштата се суви од јакото сонце). Пеглам се што се пегла со исклучок на постелнини што не се пеглаат , бањарки (некој и тоа пегла), чорапи ....
Забележувам дека полека ја усовршувам техниката пеглање алишта Иначе врска немав,повеќе ги изгужвував отколку што ги пеглев ! Но кога се мора и е неизбежно се разбира дека ќе се научи човек! Така да пеглам одвреме-навреме кога ми треба некое кошулче или маичка кои мајка ми не ми ги испеглала! Но сеуште не сум го прифатила пеглањето како обврска! Пеглам само мои алишта кога морам!
Само кога навистина морам! Ова ми е една од омразените домаќински активности признавам, . А замислете само пеглаш некоја километарски долга завеса, таман си ја испеглала од едната страна, почнуваш од другата, па гледаш пегланото се згужвало . Абе Сизифовски труд. Признавам не сум толку лоша сум научила финти како да испеглам да не се познаваат видливо линии од пегланото - што мене ме нервира кога ќе го забележам кај некои, ама ја избегнувам оваа активност колку што се може нормално, има материјали што се прав удав, ама пак потоа вреди целиот потрошен труд .
Јас сакам ама мајка ми вели дека тоа е нејзина обврска и задача а јас треба да учам , имало врме кога ќе се занимавам со пеглање и сите домашни работи , дури и ќе ми се здосадело јас па и на покрив ќе се качам за да не учам
Па можам да кажам дека многу често пеглам. Ја мразам таа домашна обврска, спора и досадна. Најчесто пеглам долната облека. После секое перење покрај работите кои неопходно е да бидат испеглани ги пеглам и гаќичките. Веројатно за да се уништат бактериите со пеглањето (ако ги има), не знам. Мајка ми го правеше тоа, сега и јас. Што во превод му доаѓа дека после секоја пуштена машина следува пеглање.
Пеглање = медитација Куп алишта, дaска , спрејче со вода и саат и пол слободно време. Си го пуштам мозоков на чудни локации да ми шетка и се внесувам во проблемот "Како да не се познаваат рабови на ракавите" ( мразам раб на ракав )... тешка дилема, исто како квантна физика, бара многу мозгање . Ама затоа кога се е испеглано, па фино подредено по боја... па уште кога ќе ги мириснам алиштата... горда на своето дело, како дете да сум родила. Па си го прибирам мозоков назад, и се враќам во реалност. Ех, лесно ли е да си женско, луда женска глава.... П.С. Мислам дека нема друг човек што пегла чорапи, ако има нека се јави , да не се чувствувам како издродче.
Верувај дека има.. Баба ми и крпи пегла Таа сите алишта ги пегла, таква е цел живот. Мајка ми слична на неа, тешки педантерии. Јас за по некои работи си кикснувам. Не сакам да бидам таков фанатик, не ми е нормално
Купувам гардероба која најчесто се пегла, поради тоа што не ми е битно во моментот дали се пегла или не се пегла, туку побитно ми е дали е убава и да ми стои. Иначе не ми е некоја омилена работа пглањето баш, поготово летно време, но кога не знаев да го ценам трудот на мака ми и кога ми викаше да не ги гужвам алиштата ја не ја слушав и престана да ме пегла со зборовите „ Од денес ја веќе не те пеглам!!!!Како знаеш сама пеглај се!!!!!!!!!!!!!!!!!! Епа сеа сама си се пеглам и почнав негде од 18 год. Нормално незнаев да пеглам како што треба до пред 1 година се додека татко ми ме научи да пеглам До тогаш сум идела пеглана али не добро пеглана и дали сум привлекувала внимание незнам. Ма да ако ја видам ептен истуткана облека на некој што се приметува од километар не би ми се допаднало баш. Најтешко ми е да си ги пеглам кошулите Што се однесува до мажите може да се пглаат сами еве татко ми понекогаш се пегла сам па и мене ме научи. Така да зашто да не
Пеглањето е една од домашните обврски која ја завршувам со леснотија. Посебно ако е есен, зима. Ама во лето - смрт ми е да пеглам. Иако во последно време мајка ми повеќе се грижи за тоа бидејќи нели јас сум на факултет и учам Но, знам да ја изненадам и да и помогнам доста често.
Си ги пеглам моите работи секако, но само пред облекување и само она на што најочајно му треба пеглање . И не знам зошто ама не можам да ги разберам луѓето што пеглаат после перење и тоа СЕ - од чорапи и гаќи до шарпи и шамивчиња и фармерки и ПИЖАМИ ааааааааааааааа
аа и ја се пеглам шо е мое кога ми треба. а пред некој ден му пеглав на брат ми одело и кошула... се остаив цело попладне ццкање пошо не е од овие гласичните туку некој друг материјал али душата ми излезе...