Не дека мразам да пеглам, баш интересно ми е, со саати би можела да пеглам, секаде што е истуткано, MOРА убаво да го испеглам, кога некоја облека не испеглала мајка ми, јас ќе ја испеглам, сум изгорила по нешто, затоа не пеглам толку често Ама ќе се научам и јас некогаш...
уфф.пеглам често..кога ке се започне од сабота до недоглед..некогаш сакам,а некогаш ми се чини џабе потрошено време и труд,но и покрај негодувањето никогаш не сум излегла непеглана или моите да ги пуштам така
Кога имам време мерак ми е да си испеглам нешто што сакам да го носам дента или пак за викенд и слично, другото обично мајка ми ми го пегла. А таа пак пегла по потреба, бидејќи нема доволно време и нерви за тоа.
Често. Преку еден ден. Тукууу, има такви што не пеглаат на даска за пеглање туку пеглаат на земја врз ќебе ? Дајте жити се, објаснете ми како можете така ? Не дај Боже да останам без даска (макар само на неколку дена), веднаш се откажувам од пеглање тие денови. Спојлер (ете пример се чудам на свекрва ми како може да пегла на земја, ми вели не била навикната на даска и точка.)
Не дека мразам да пеглам, ама не знам како ми успева да имам секогаш голем куп за пеглање. И кога ќе почнам пеглам, пеглам, а тој не се намалува Понекогаш и мајка ми тука може да помогне, иако тоа е реткост, ама ако се случи пресреќна сум, со однос на тоа што се сама правам во домот. Туку не знам што сум седнала на форум,, да запеглав нешто бар додека е ефтина струјава
Како бе на земја?? Ја знам за на маса пеглање ама на земја?? Инаку јас сум голем пеглач. Еве баш викендов стаив 4 машини за перење и сега како им се токмам. Милина ми е. Особено додека е Лисјата. Они си зборат ја си пеглам и отишол купот. Инаку најкејфски ми е постелнина да пеглам.
мразам да пеглам се за тоа немам време и секогаш имам купишта алишта неиспеглани во една соба со затворена врата. најчесто пеглам кога ми треба нешто насабајле пред работа пред излегување по потреба нели де. е сега гледам либево да е испеглано цело време за да не касни или онака за мене не е битно ке си испеглам некој партал ама неговите кошули морам да ги стокмам. и искрено да ви кажам многу не се замарам па и он кога нема испеглано само ќе ми рече срце ај ваа кошулата ако сакаш ми треба и не ме замара за друго и за тоа најмногу си го сакам. и морам да кажам дека ме нервира некогаш тоа што имам купишта алишта не испеглани али нема да се скратам од сон, прошетка или секс само за да ги испеглам алиштата ...
Кој сака да пегла ајде џом кај мене, јас ќе ви готвам може така? Мразам пеглање. Го сакам чуството на чисти, испрани алишта па уште и миризливи од пеглањето, ама додека да се решам да пеглам - трае батка, трае а даската крца, паѓа. Мечка страв, мене нема страв и идам! Мислиш лансирам ракета, Хјустон уи хев а проблем! Не знам што ќе правам еден ден, ако имам маж, on a regular basis, па ме тера кошулите за на работа да му ги пеглам. Ова ми е хорор претстава. Бившиот го терав да купува онакви природни кошули, од пери - носи материјал, му викав - абе штосни се! И раат си бев! Или ќе му викам да не го соблекува сакото и решен проблем! Ма какво пеглање. А ми текнува на времињата кога мајка ми пеглаше чорапи па и гаќи! А нешто изгледа ми останало од нејзе. Колку и да мразам пеглање сепак морам и јас да пеглам прилично многу работи. Како на пример фармерки. Или крпи за во кујна.
Искрено се надевам дека ќе ти се погоди маж што нема да е во кошула секој ден на работа како мојот. Тоа дека ќе му речеш да не го соблкува сакото, не пали Си привикнав јас и секоја вечер сум си на даската за пеглање со различна кошула по негов вкус
хахах ја пеглам секој ден на земја врз фортирка, ни се скрши даската и сеа мора вака не обожавам многу да пеглам ама кога се мора...
Обожавам да пеглам и тоа го правам често...скоро секој ден да не речам...за друго да не ми речеш ама за пеглање сум прва
Со мали деца,секој ден уклучувам најмалку по една машина.И така кога ќе ми се насобере едено купиште,пеглам.Не ми е тешко,си наоѓам занимација додека пеглам,најчесто на телефон висам во тоа време. Инаку маж ми има незнам колку пара фрармерки,ама мора баш тие што се на сушална да ги носи дента.И од сабајле кога ќе ми се распегла по дома,коса ми се крева.А насабајле,деца да спремиш,ти да се спремиш,кафе да сркнеш,да се облечеш,што побргу....И кога ќе му текне,абе фармеркиве сакам да ги носам,ама ај можам сам,ти спремај си се... Многу и не носи кошули,па така да немам проблем со тоа. Инаку се пеглам ,само чорапи и пешкири и крпи не пеглам,друго се. Абе домаќинка.
Еве баш вчера додека беа Лисјата на Тв си ја наместив даската и пеглата во спална пред плакар, алиштата до мене и како пеглам така бесам. Милина. Денеска постелнината остана. Милина. А иначе комчиката ми кажа дека во куќите кај мене имало перална и пеглале све ама што знам да си се лишам од тој медитирачки момент, не фала.
Еве веќе од јануари не сум се запеглала, немам тука пегла студентски живот, а и не се нешто потресени овде во врска со тоа, а Скопје обавезно бар еднаш неделно.
секоја недела задолжително а преку недела чат-пат кога треба на тато да му ја пеглам униформата за на работа или пак ако треба нешто да си испеглам за излегување. ама најмногу мразам кога ќе ми дојде да пеглам веш смрт и завеси не можам крај да му најдам тргај лево тргај десно па горе па надолу и кога ќе завршам истуткано е повеќе него шо беше треба и јас да пеглам ко плавуша - ќе ги закачиш завесите и ќе поминиш со пеглата
Гардеробата што е за секој ден се пегла веднаш по сушењето. Инаку, она што ми е за излегување обавезно пак го запеглувам пред да излезам. Нормално, доколку нешто се истуткало, го препеглувам.
Ако нешто мразам да правам од домашни работи тоа е пеглањето...секогаш одложувам ...ај утре ќе пеглам Инаку пеглам еднаш неделно, ама кога ќе седнам се` заборавам...се пеглам наеднаш за да не морам во текот на неделата пак да пеглам , и си правам паузи..пеглам, одмарам со а понекогаш и па продолжувам да пеглам. Порано обожавав да пеглам , ќе си седнев, даската и пеглата пред мене и пуштам мозок на пасење...сега се нервирам кога треба да пеглам...подосадна и помонотона работа нема..отров Немам проблем со мм, што ќе му дадам да облече тоа носи, ако нешто сака да облече не е пеглано, ќе промрчи ама тука ја стапувам на сцена со моите глумачки способности и си облака она што е пеглано. Спојлер Ама сум била лоша..ако не беше темава немаше да сфтам