Темава сега ја гледам, ама ме погодува и тоа многу Ако нешто мразам во мојот живот тоа е пеглање, па кога купувам облека гледам да биде нешто што помалку се тутка, и мразам купишта од алишта кои треба да се испеглаат, обично пеглам кога ќе ми дојде јајцето на г.зот
Секој божји ден, не важам за личност: испери, исуши, испеглај .. него кога ќе ми треба си пеглам, дали коса, дали облека..затоа во 5 работи без кои не можам ја ставам и пеглата, дел е од мене
По потреба пеглам.Ако планирам да облечам нешто а треба да се пегла ќе го испеглам пред да го облечам. Не ги пеглам алиштата па да ги редам во плакар. Од сушење само ги здиплувам и ги редам, а пеглањето како што кажав пред да се облече нештото.
Пеглам кога морам,а инаку ми е многу мачна работа на мајка ми секогаш и викам било што ќе ти помогнам само не ми давај да пеглам хехе.Не дека е толку тешка работа ама е многу досадна.
Пеглам по потреба, ама воопшто не ми пречи пеглањето. Напротив. Си го користам тоа време за медитирање. Сега како прооде ќерка ми тоа стана права акробација, таа се плетка околу мене, јас пробувам да пеглам , па пеглам по малку работи, ама почесто. Мене најмногу ме нервира што немам доволно простор во плакарите, па да си испеглам се и да закачам на закачалки.
Перам обично сабота и недела а пеглам кога ќе се исушат.Ми стана навика да испеглам се и да наредам така да во текот на неделата не пеглам.Е сега имам некои неквалитетни работи кои од самото стоење т.е висење се гужваат и тие мора да ги препеглам И некако поубаво ми кога ќе ги испеглам и здиплам зашто само така умеам ,ако се непеглани нема преглед и се ми е некако измешано.Најмногу мразам да пеглам панталони на ивица
Пеглам секогаш кога морам. Пеглам се што е истуткано и никогаш не облекувам непеглана облека, макар тоа да се и гаќи. Се научив да пеглам на некои си 12-13 години... Најтешки за пеглање ми се креветските чаршави бидејки се многу големи и тешки се за пеглање на штицата...
Ако нешто мразам тоа е пеглање алишта Па затоа пеглам само кога морам кога имам потреба да си испеглам нешто.
Скроро секој ден. Облеката во плакарот ми е здиплена, но сепак се гужва на некои делови и неможам да замислам да излезам од дома со изгужвана облека.
Еднаш неделно сите алишта што ги собирам на купче а тоа купче станува алармантно кон крајот на седмицата па пред да почнам да пуштам нови машини за перење сакам се да ми е испеглано и ставено во шкафовите.Неможам да замислам да им се изгужвани алиштата на моите деца или сопруг или постелнината а вешот им го пеглав додека беа помалечки синовите а сега повеќе не.Пеглањето ме опушта
Не пеглам секој ден , но како собирам алишта така и веднаш ги пеглам , значи 3-4 пати во неделата .Се што е во шкаф сакам да ми е испрано и испеглано, не сакам наутро да трчам да пеглам, дали е испеглано или не , дали ме мрзи или не , па што ќе се облече , земаш од шкаф и облакаш.Порано пеглав и постелнина сега веќе не , бел веш не пеглам ,си ги редам убаво во машина ,малку поотпразна ја оставам, омекнувач и не им треба пеглање , а остало се , непеглано не ни го ставам во шкаф.Се навикнав така, си направив еден ред и ми одговара така,и сопругот и децата знаат , што е во шкаф им е скоцкано за носење.
Пеглам најчесто 2 пати во неделата или зависи кога и колку ќе ми се собират алишта за пеглање, ги собирам на едно место чекам да се собират повеќе и пеглам, бидејќи скоро секој ден пуштам машина така и се собираат алишта се повеќе за пеглање.
Со идентичен ред функционирам и јас дома па секој си знае што има на располагање во шкафот,многу успешно се ескивираат пубертетлиските бубачки на синот нема место за коментари во стилот : Немам што да облечам ,пеглај ми ја сината блуза
Не пеглам мама ми пегла се и убаво си ги диплам алиштата за да не ми се изгужваат. Само некогаш ако сум сама дома и ми треба нешто ако е изгужано ќе си го запеглам нормално