1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку често пеглате?

Дискусија во 'Дом' започната од malinavishna, 25 септември 2010.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Кога ќе ми се насоберат повеке од 10парчиња кои треба да бидат испеглани :lol: можно е да се случи 1-2пати во месецот да се фатам за пеглата, а можно е и 1пат во два месеци :wasntme:
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Фрик сум за алишта и кај мене се мора да е под конец пред да се складира. Нема шанса нешто што не е пеглано да сместам во плакар, или да пеглам пред излегување, или да го пеглам сопругот пред да тргне на работа.... За мене е срамота во денешно време да се шетаме изгужвани. Сопругот НЕСМЕЕ :!: да излезе од дома ако не е скоцкан, за децата јас се грижам што ке облечат па и тие се секогаш средени.

    Перам преку неделата а во недела попладне (најчесто, поради ефтината тарифа) си седнувам и се по ред
    Пред неколку години купив баш ваква преса за пеглање која ми ја олеснува работата со некои парчиња. Кошулите ги пеглам перфектно, а тек ленчињата летно време :mm: Тетките од хемиско чистење може вода да ми носат :D
     

    Прикачени фајлови:

    • 0.gif
      0.gif
      Големина на фајлот:
      2,3 KB
      Прегледи:
      314
    • NOVA.jpg
      NOVA.jpg
      Големина на фајлот:
      3,5 KB
      Прегледи:
      314
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ауу нешто најмногу што мразам е пеглање на алишта. Дај ми да перам на рака абе одма ќе исперам било што, али пеглање нема шанси. Мајка ми порано знам многу ме тераше да пеглам, али последниве неколку години и двете се научивме без пегла. Откако ќе ги собереме сувите алишта едноставно убаво ги диплиме и тие немаат потреба за пеглање :)
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Еднаш неделно обавезно.
    Дигна раце мама од пеглањето на моите партали, оти на Џинџер ќе и ги достават пеглани, средени а она оп-цуп, со три потези збрчкани у шкафот и после два дена пак истото на пеглање. :angel:

    Така, од неодамна купот алишта ми е оставен да си го пеглам сама, па ме подболнува да ви ви кажам, туку така да ти џитнам у шкаф збрчкосани. Да видите сеа како се по закачалки обесено, спастрено.... :rofl:
     
  5. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    уф ,ама не сакам да пеглам,ххх некој ке си рече непеглана шетам ама грешка ке направи :lol: не сакам со причина,од мала нешто горам со пеглата,и од страв не пеглам,ама свекрвкава моја ми купе една заштитна гума или пластика шо и да е и не се гори ништо со неа, си ја ставам и терам работа,али кога ке дојде да пеглам пердиња е тоа е |( |(
     
  6. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Ијас сум истата... :x
    нема шанси да се облече нешто непеглано,а не да се стави во плакар, :envy:
    ги собирам алиштата од сушење и одма ги пеглам сите :sweat:
    а долниот веш обавезнооооооо :!:
     
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Многу ретко. Пеглам само маички (не сите) и кошули.
     
  8. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Кај мене дома се пегла редовно, после сушење на работите генерално се и се редат на место. Мајка ми и баба ми пеглаат редовно, а јас по потреба и тоа само мој или евентуално од сестра ми облека пред излегување ако нешто ни се изгужвало кога сме претурале. :lol:
    А не знам колку е нормално, и сите се чудат, ама кај мене дома овие моиве пеглаат се! Буквално СЕ! И тоа ме иритира невидено, од проста причина што кажете ми која е потребата да се пеглаат гаќи, постелина, пижами, крпчиња и работи што не се гужваат? Фала богу па се опаметија и купија завеси што не се пеглаат, па само перат и бесат, инаку тоа беше целодневен процес.
    Колку само пати ми се случило да земам сува облека од жица и да ја облечам, ама тоа е парталче што не се пегла (пардон, кај мене се се пегла-ама барем не се гледа дека е изгужвано и нема проблем и потреба за пеглање) и веднаш настанува кавга со мајка ми дека само пеглала а јас сум се влечела изгужвана. Што нема врска! :fubar:
     
  9. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Не обожавам многу да пеглам ама :!: еднаш неделно е задолжително (најчесто во недела :D ) а другите денови по потреба ако излезат многу алишта. Веќе одамна сама си ги пеглам моите работи (задолжително) а и на сестра ми и родителите ако треба. Секогаш се собираат работите и веднаш се пеглаат, не можам да ги гледам како стојат така згужвани. И кога излегувам јас или било кој од дома ги разгледувам од глава до пети да не се изгужвало нешто па да се препегла. :D Секогаш алиштата ми се средени, испеглани, здиплени. Не можам да сфатам како може некој наутро во 06:30h да трча со алишта во рака да пегла, па кај ми е ова, кај ми е она.. ако веќе не средуваш одеднаш алиштата, барем навечер среди си комбинација за утредента и крај. Зошто малтретирања рано рано... :?:
     
  10. lili....sweet

    lili....sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    19
    мразам да пеглам ...најчесто 2 пати неделно :P
     
  11. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Од домашни обврски, само ова ми е СМРТ |( Еднаш неделно пеглам, моите работи генерално се од материјали за кои не е потребно пеглање, а на мм се треба да му пеглам. И генерално ок се снаоѓам -само имам проблем со кошулите - му ги правам партал. Со по 2-3 раба на ракавите, обавезно криво испеглана крагна и по некоја гужваница мора да се појави откако ќе ја ставам на закачалка кошулата. Ми покажуваа повеќе луѓе како се пегла кошула, дури гледав и туторијали :$ ама кога не те бива - не те бива :worried:
     
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    пеглам два пати неделно обавезно недела и некој друг ден зависи како се насобрале алишта за пеглање еве сега пример пеглав петокот неделата и понеделникот судбина ахахахахах
     
  13. B-I-B-A

    B-I-B-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    12
    Најчесто јас пеглам дома алишта,од сите домашни обврски оваа некако ми е најинтересна :lol: пеглам 3 пати неделно некогаш повеќе-помалку зависи кога како :)
     
  14. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Скоро секоја вечер пеглам алишта за во школо што ќе ги носам :)
     
  15. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    мајка ми најчесто пегла но ако пример има некоја неизпеглана маица што ми треба секако дека јас си ја пеглам :)
     
  16. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    7.922
    Пол:
    Женски
    Мразам да пеглам. Најчесто пегла мајка ми, ама оти и она не сака баш па некогаш ја менам :)
     
  17. acvamarin

    acvamarin Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    25
    мразам да пеглам кога пеглам од нервоза се препотувам по 100 пати и на крајот пак не е сјајно испеглано стварно не ме бива ама ај белки ке се управам или повеке ке си купувам прталчиња пери носи :D
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам да пеглам.
    Пре би пеглала цел ден и на +40, отколку да бришам прашина. :tmi:
    Перфекционист сум и не го оставам парталчето додека не го стокмам убаво со пеглата. :D
    На почетокот додека се усовршував, имав и некои помали киксови, ама среќа моја до сега не сум имала некоја фатална. :lol:
    Обично секогаш мајка ми има корпа полна со алишта за пеглање и неретко кога ми е досадно - пуштам музика и си пеглам. Ептен ме релаксира.
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Ќе се потрудам да ме мотивира твојов пост утре... или да те викнам да ми испеглаш, м? :D
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Хипице, за пеглање - во секое време! :D
    Мислам дека малку ми фали за да почнам да пеглам чорапи и долен веш. :tmi: :rofl:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.