Naj nesto sto mrazam da go pravam e peglanjeto.Poprvo bi perela racno ili bi brisela prozori.Ne znam... ko zemam da peglam od zeskoto me fati saklet,nekoja nervoza Taka da retko peglam,ednas nedelno i toa najcesto kosuli,pantaloni i postelninata.Izbegavam da kupuvam alista sto se peglaat,samo peri-nosi
katalina-пишувај на кирилица,во последно време се пишуваш на латиница па ако немаш дома на комјутерот кирилица има на Фемина.... и да не бидат офф Не пеглам но кога сум во тесно да ...
Еднаш неделно (или поретко). Многу го мразам пеглањето, ама многу. Ме фаќа нервоза кога треба да пеглам, може и затоа никогаш не се испеглани како што треба алиштата (или може не ме бива едноставно)
да ви пишам една финта за пеглање царсави и навлаки за перници ги тресам пред да ги спружам а после ги диплам сите со ист раб и ги редам едно врз друго и ставам обицно тавце за во него некоја голема цигла теска или камен и да стои така барем 30 мин исто како пеглани се
Секој ден? НЕ ! Не се секавам кога последен пат сум пеглала Мајка ми ми ги пегла сите работи, а јас само си ги диплам убаво после носење за да нема потреба после од пеглање
Сега веќе пеглам само кошули за на работа. Преферирам преку викенд да си испеглам неколку но во последно време пеглањето ми е ден за ден, т.е. сабајле пред тргање на работа. :geek: Сакам во секој момент да имам бар по една пеглана кошула (за на работа) во резерва зошто знае да се случи попладне или навечер да ме повикаат и да морам да се вратам (а таа што сум ја носел дента веќе завршила во корпа за перење). Во принцип пеглањето ме смирува и ме тера на размислување. Ќе си пуштам музика, ќе напунам дестилирана у пеглата и дур не напраам мгла у дневна не прекинувам. Кога се разведов често патував. Во една прилика кога се вратив од странство после две недели на пат требаше за еден ден повторно да се вратам (а време за да ги дадам на сервис немаааааа). Истегнав неколку пресушени кошули од купот непеглани алишта и правец Веро. Мноооогу ми падна тешко кога ги молев теткиците во сервисот веднаш да ми ги испеглаат кошулите. Па објаснувај, па зошто, па како, па пеглата ми ја зема,.... Од тогаш си ветив дека таква работа веќе никогаш нема да ми се повтори У ствари, се запеглувам кога паѓам у депресија. Кога све ми е дома паглано, све испрано и ичистено знам дека бајаги сум "забегал"
пеглам еднас во неделата и тоа си варам кафе си пустам музика и поцнувам да пеглам,зимно време повеке сакам а лето од сто морам но еве цела година имам нова пегла од филипс и сум многу задоволна,доволно е да пеглас од едната страна и другата е мазна а за постелина ептен ми прави мерак прави линии остри како со молив да се цртани
Пеглам речиси секој ден, т.е. кога не ми се лоши и кога немам вртоглавици. Е тогаш нурнувам во купот алишта и додека ми е добро, или додека не ме скинала половината не престанувам.
Хах, јас си пеглам најчесто мои алишта и секако дека сакам облека која потешко се пегла, но воедно да биде пријатна за носење
Пеглам кога ќе треба да се пегла. А додуша мразам да пеглам ама МОРАМ. Одиме со мм на работа во јавна институција и мораме униформирани да бидеме со кошули и такви работи. Па морам да пеглам сакала или не