Еве една според мене интересна тема. Колку често се бањате, и дали мислите дека честото туширање/бањање, е штетно за вашето здравје вклучувајки ја и косата или не? И кој е временскиот период кој е оптимален помегу две туширања, дали тоа треба да се прави секој ден на два дена.....
Се туширам секој ден додека во лето понекогаш се туширам и по 3 пати дневно. Коса мијам на 3,4 дена т.е кога ќе почне да ми се мрси. За туширање скоро секогаш користам купка, најчесто од Авон или Орифлејм но после туширање обавезно нанесувам млеко или лосион за тело (освен кога е многу топло). Оф топик темава ме потсети на песничката од Јован Јованович Змај Ala je to divota Kad se ko okupa! - Sto se ne bi kupali, Voda nije skupa!
Зависно во кој период од годината,летен период додека е вака потопло секој ден,додека во зима секој втор ден се тусирам,а косата на 3-4 дена обично ја мијам.
Но дали мислите дека е здраво секојдневното туширање и употребата на сите тие хемикалии. Нели мислите дека вашето тело би ви било по благодарно ако не користите вештачки препарати, бидејки тој може да си произведе многу поубаво и покорисно средство од млекото за тело или стикот и слични хемикалии од кои нема видлива штета наеднаш но на долги стази има и ти како. Според мене оптимален период за бањање е на една недела и без никакви купки, и слично, доволно е едно сапунче и млака вода. Но секако овој современ начин на живот диктира поинакви правила, кои сите ние безусловно ги прифаќаме непрашувајки се дали е во ред тоа или не. Зарем не ви е малку чудно што и покрај толку многу хигиена и користење на разни препарати е повеќе млади имаат послаб имунитет, разни алергии..... а би требало да биде спротивно нели?
Секојдневното бањање и за телото и за косата е штетно, со употребата на тие хемикалии кожата и косата почнуваат да се сушат.. Што познавам една докторка ми има кажано лично она дека секој ден се бањала по 3 пат и добила градска болест (премногу бањање), па сега вие видете дали секој ден по 2 пати ќе се бањате
Така е знам дека туширањето секој ден е штетно ама лето е овие денови е врнежливо ајде ама кога е ептен топло? Па неможам да одам без стик и да мирисам на пот мислам срамота е. Инаку знам дека сите стикови, ласиони, гелови, купки сетоа тоа е штетно но лето е кој несака да мириса на убаво, свежо и чисто. И срамота е на оваа денешница барем некој да се бања еднаш неделно пред пеесет години немале услови ама денес ѓи имаме сите услови. Срамота е ако некој во ова денешно време си дозволи да мириса на пот и на неубаво. Инаку јас не се туширам секој ден. Се бањам недела обавезно. Понеделник ако одам некаде кога ќе се вратам обавезно се туширам оти жешко е се потиме ако не одам никаде не се туширам. Вторник обавезно се туширам. Среда ако треба да одам некаде ако не не. Четврток пак се бањам. И сабота пак се туширам. Некогаш може да има и некои измени. Инаку користам разни гелови од орифлеим и авон имам други и премногу. Летото користам ласиони од Авон тие ми се баш летни а зимата се бањам два пати неделно недела и среда и и барем вторник и петок гледам да си се истуширам оти ладно ми е неможам секој ден. А зимата си користам млеко за тело бекутан. Антиперспирант користам од Балеа. Косата ја мијам со обичен шампон од праска или коприва и ставам балсам некогаш. На телото барем еднаш во две недели ставам пилинг. Знам дека сето тоа е штетно ама таква сум премногу сум педантна и секогаш гледам да сум измиена, средена и испрана. И да мирисам убаво.
Се туширам секој ден, а коса мија на 3-4 дена, некогаш и на 2-3 оти брзо ми се мрси. Зимно време можам да се туширам секој 2 ден, но летно време се потам на работа, одам во теретана и без туширање не бива.
Мислам сериозно?На една недела бањање?Па не мораш да користиш разни купки и гелови,помини се со вода само и тоа е доволно.А кога имаш ...нели ти е гадно да не се избањаш..? Се сложувам со eloves ..срамота е во оваа време да излезеш така умирисан на пот. Инаку јас се туширам секој ден,а ја мијам косата секој втори.
Isto i jas se tusiram sekoj den, a kosata sekoj vtor den...deka e leto i mn se potam inace na zima na 2dena se tushiram,a na 3 dena kosata,poso i ne mi se mirsi mnogu,ama na leto ja mijam pocesto bidejki se potam
Туширање секој ден, миење коса на два дена а во лето туш и два три пати во денот.....јас не можам да заспијам ако не се истуширам, не се осеќам убаво.
Абе ај дали е срамота или не, ама не знам, мене бре гнасно ми мириса. Да седам и да се потам, вода да тече од мене цел ден и после така да си седнам дома или да си легнам во креветов. Нема шанси. Он топик, во летниот период ми се случува и по 4 пати да влезам во бањата да се туширам, косата ја мијам секој втор ден, некогаш и секој ден - жешко е, не се трпи. Значи летно време будење и право во бања на туш, исто и пред легнување. А богами и попладне. Ова ќе му дојде после секој оброк - туш. Зимно време еднаш во денот обавезно се туширам. Таков човек сум, с`клетџија и не можам да си облечам пижами и да си легнам или да се раскомотам дома на раат ако не се истуширам прво.
Се туширам секој ден,нема нешто поубаво од чисто и свежо.Најчесто користам дав сапун,а после капење обавезно ставам крем за тело. А косата ја мијам три пати неделно,бидејќи не ми се мрси.
Јас мислам дека алергии побрзо ќе фатам од сите нечистотии околу нас, отколку од редовно бањање. Јас секој ден вежбам, жива вода се правам и не можам ни да си замислам да не влезам под туш после тоа. За косата гледам да правам некои стратегии, за да ја мијам барем на два дена со природни шампони. Правам плетенка, ја фаќам во пунџа, па ставам стегач околу цела глава. Ама да можам и косата би ја миела секој ден, само што не е препорачливо.
Секој ден. Со тоа што Пепелашка има право. Алергиите покрај еден куп фактори, еден е и секојдневното бањање и изолирање од секакви микроорганизми,а од друга страна изложеност на хемикалии. Никој не може да се поднесе несреден, меѓутоа, фактот е тој, со секојдневното премивање со триста тракатанци и те како влијаеме лошо на нашето здравје, пред се на нашиот најголем орган - кожата, а низ која поминуваат сите тие средства и внатре во нашето тело. Дури и да се органски, природни и не знам какви производи во прашање, секојдневното одмивање на природните масла на кожата е погрешно, ама јбг... Секад ќе бидам против немиените и рака под рака со својата фобија од мрсни коси и смрдливи мишки.
Ау... зарем стварно постојат луѓе што не се тушираат секој ден? Мислам да, знам дека постојат ги имам осетено, ама не ви е срам да пишете дека не се туширате секој ден? Факт е дека не е здраво, ама живееме во таква прљавштина надвор така што дали ќе се тушираш или не мање-више е сеедно. Освен што нели ќе усмрдиш околина. Добро како може некој да се поти, да моча, да сере, да има добиено и барем еднаш во денот да не се истушира? Значи не бидете гадови и сељанки. Ми се згади.