1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку често се бањате?

Дискусија во 'Тело' започната од Pepelaska25, 7 август 2014.

  1. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.935
    Допаѓања:
    30.769
    Пол:
    Женски
    Кога сме лето, може да се избањам и по 2-3 пати во ден. А зимото 3-4 неделно. :)
     
  2. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Очигледно само Lilit, ме разбра што сакав да кажам, глупо би било да после она што таа кажа било што да додадам бидејки ја кажа суштината.
    Некои од вас намерно или ненамерно погрешно го протолкуваа мојот пост и ме прогласија за жена која не се бања, што е далеку од вистината.
    Нагласив и во постот дека сите ние вклучувајки се и себеси сме робови на хемикалиите и на разни препарати со звучни имиња кои земаат се поголем замав во уништувањето на нашето здравје.
    Иронијата е во тоа што скапо плаќаме за да наводно користиме квалитетни производи, но она што вистински ни е потребно е само млака вода и едно сапунче со низок ПХ фактор.
    Исто така помешавте бањање и миење на одредени делови на телото.
    Бањање е едно а миење на лице, или пазуви и нтима пред да одите на работа, школо, факултет е друго.

    Секако и јас се туширам ако не секој ден тогаш секој втор-трет ден обавезно, избегнувам да користам стикови и парфеми, освен пред да заминам на работа, млеко за тело нанесувам во тенок слој само после бањање, и тоа нај обично нивеа млеко за тело, значи ни јас не сум исклучок од тој современ начин на живот.

    Што мислите, дали вашето тело ќе има непријатен мирис ако ги измиете пазувите и интимата со нај обична вода? Не, нема да мириса, останатиот дел од телото иако се поти не создава непријатен мирис, и нема потреба за непотребно изложување на хемикалии.
    Сите ние се срамиме од мрсна коса па ја виткаме, криеме врзуваме во репче, а вистината е сосема поинаква, за да имаш убава долга и пред се квалитетна коса.

    Исто така има еден друг аспект, знаете ли колку пари фрлате со непотребно трошење на вода и струја во долго и бесцелно туширање, не само што го оштетувате домашниот буџет туку и правите штета на целокупната заедница на ниво на државата а и воопшто на човековата околина, бидејки придонесувате за поголемо загадување на животната средина. Тоа е една посебна тема колку ние сме воопшто свесни колку штета правиме на животната средина со само едно оставено светло непотребно да свети, но за тоа во друга прилика.

    Исто така правите грешка кога велите дека во лето се потиме и повеќе мириса телото. А, дали е така проверете само, јас сум убедена дека е сосема поинаку, дека телото во зима иако помалку се поти мириса повеќе пред се поради затворената облека и не циркулирањето на воздухот околу нашето тело, а исто така и јадењеата кои се готват во зима придонесуваат во помал процент за лошиот мирис.
    Е, сега само размислете каде грешите кога велите дека во лето се бањате по 2-3 пати дневно а во зимо на два-три дена.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Летно време бањање секој ден, коса на два дена. А во зима на 2 дена се бањам. За косата не е здраво секој ден миење, па се трудам да биде тоа на два дена. Ако сум испотена или ми се лепи облеката од што сум мокра од пот, немам самодоверба , не ми се оди нигде после работа и едвај чекам дома да си дојдам.
     
  4. eleonor44e

    eleonor44e Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Лето зимо без разлика секој ден се туширам и секој ден мијам коса .
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Па на големиве празници се бањам колку за адет и толку, не гледам потреба почесто да бидам во контакт со вода.Глупости |( .

    Мала шала.Инаку се туширам секој ден, без разлика дали е зима или лето.А косата ја мијам 2 пати неделно, малку ми се мрси а и тоа малку не ми се познава. :D
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Пепелашке никој не рече дека ти не се бањаш. Ама од бањање и миење има голема разлика. Во ред е тоа и ти што кажа да се измијат одредени делови од телото ама ете на пример јас неможам така. Пример денес сум излегла некаде си дојдам целата испотена, безразлика на тоа што потта не ми мириса сепак носам тесни фармерки и маичка и од што ми стоеле залепени сум се испотила и неможам да замислам да облечам алишта за по дома и така да си седам значи морам да се истуширам. Зимата се разликува од лето затоа што на пример зборувам лично за себе зимата кај неа само во дневна е топло таму кај што седиме во другите соби не можеме да си дозволиме. греење. Се бањам 2 пати недлено и кога треба да се облекувам татко ми и брат ми излегуваат на 5 минути за да се облечам на топло. Кога имам потреба за туширање морам овде на ладното да се обелкувам ептен не брзина или гледам да го направам тоа кога сум сама дома. Едноставно незнам како да ти објаснам поголем дел од зимата јас сум болна тоест ми тече носот и грлото ми е фатено и мајка ми не ми дозволува да се туширам секој ден само затоа што е ладно и во купатилото. Ретки се тие семејства што можат да си дозволат да греат цела куќа ама ете ние неможеме. Плус во зима ме мрзи на ладното гледам набрзина да се избањам и да излезам. Можам да се обложам дека сите така прават. А додека лето е друго 1 саат се средувам во купатолото. Млеко за тело зимата само ставам на рацете вратот и нозете не се мачкам цела. И зошто да трошам струја? Лето е си наполнам 5 шишиња вода ми се згреат на сонцето и навечер си се истиширам и на гледам проблем во тоа. Во врска со хемикалиите што ги користиме сите ние знаеме дека се штетни ама нема девојка која не би сакала да мириса убаво.
     
    На Traveler$, makedonkamak и 4rever.unique им се допаѓа ова.
  7. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    секој ден еднаш до два пати,после утрински тренинг и навечер после теретана нема веројатно да го дочекувам маж ми целата испотена со коса затестена и незнам што друго....
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Ма штедете вода и сапун, најубаво.
    Кај се видело бањање секој ден или пак секој втор ден. На лето се знае косата замрсена треба да е, телото налепено со пот и прашина. Ќе си одите по пат и ке ширите пријатна арома која се носи далеку од ветерот. Кога ке помине некој случаен минувач во несвест да падне од лепота и тој пријатен миризлив бран. Така се во круг. Убаво си пишала форумџиката погоре само за празник се бања или позамива и толку. Јас ја поддржувам, исто и јас. Два пати годишно е доволно и повеќе од што треба.
    Хемикалии кои се штетни постојат насекаде околу нас, вклучувајќи ја и храната што секојдневно ја внесуваме.
    Колку хемикалии може да содржи еден обичен сапун од 20 денари? Колкава е штетноста ако секој ден се бањаме?
    Сигурно НЕ е поголема отколку нашата самодоверба и чуство на свежина. Сигурно нема да завршиме на клиника поради секојдневна и задолжителна хигиена. Јас мислам дека повеќе штета правиме ако не се бањаме. Значи изложени сме на нечистотија, бактерии, габи и различни микрорганизми кој можат да предизвикаат некоја инфекција или болест доколку не се отстарната од нашата кожа...
    Ќе седнеш во автобус, воз, кола или било каде и што мислите колку е тоа чисто и дезинфицирано. Седнуваат секакви луѓе првенствено, не ни знеме кој каков е и што болест можеби има. Да не должам многу ке ме сфатите сигурно.
    Кратко и јасно-Хигиената е половина здравје. Така нас не учеа на училиште од најмала возраст. Сигурно не било залудно и само така кажано.
    Да не се расправаме Ве молам, бањање НЕ. Само ако пишал некој дека се бања, со мене работа ќе има, е така да си знаете :devil: :D :lol: :lol:
     
    На imelda, BelieberYeahh, sweet-star и 2 други им се допаѓа ова.
  9. love11111

    love11111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Секој ден се туширам, а секој втори ден ја мијам косата, многу брзо ми се мрси. :D :) ;)
     
  10. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.205
    Пол:
    Женски
    Секој ден се туширам,а косата или на два дена или секој ден, зависи.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.946
    Eloves,не се обложувај дека сите така прават,оти ке изгубиш.Еве јас не правам така,и во зима се туширам секој,ама секој ден,а коса 3 пати неделно.Дали ке мијам препони пазуви или цела ке влезам под туш изборот е јасен.Друго е ако немате финансии да греете,ама сега тоа да го правдаш со зима е,една соба се грее,ме мрзи ,бла бла,приказни за мали деца.Не знам и дали кога имате дечковци исто така упорно не се миете.Не пробувам да сум злобна,ама од луге што не се дружат со водата ,преку глава.Не дај боже па дечко порано,или сопругот мој сега да не се тушира редовно,ке ми се згади.Ова важи и за немиење заби..Јас на пример на мириси сум хиперсензитивна,па можда и одвеќе ми смета,ама немиени коса ,пазуви,здив,а да не збориме за нозе и смрдливи чевли или препони :puke: .Ладно,неладно,алтернативата е непријатен мирис..
     
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Пред да искоментираш нешто прочитај поубаво што сум напишала. Јас не напишав дека зима седам гадна туку дека ме мрзи да се туширам оти е многу ладно. Но тоа не значи дека јас седам гадна. Кога имам потреба и зима си се туширам скоро секој ден, посебно кога имам менструација значи мора. И јас си зборев лично за мене ако не си приметила, не за други. Неможам јас да зборам у твое име или нечие друго, пошто јас незнам вие што правите и како правите. Затоа себе се посочив како пример.
     
    На cooll и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Летно време 2 пати дневно наутро и пред спиење, косата ја мијам на два дена, зимно време 2-3 пати неделно, косата исто.
     
  14. lamadame

    lamadame Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Во лето секој ден а косата ја мијам преку два дена, а зима 2-3 пати неделно а коста преку 3-4 дена.
     
  15. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Дали се срамите од сопствениот телесен мирис, и нели мислите дека телесниот мирис не отсликуа нас, бидејки секој им специфичен мирис, отколку парфемите кои се сериски и милиони луге мирисаат исто како вас? Не пропагирам нехигиена, туку само сакам да го срушам тој мит и таа опседнатост на младите со разни дезодоранси и стикови, кои дел од нив не мирисаат туку 100 пати повеќе смрдат отколку нивниот телесен мирис. Зошто мислите дека мирисот на ашето тело е непријатен, кога е сосема уникатен и специфичен и нема потреба да ви биде непријатно да мирисате на себе. Дел од вас одат дури дотаму што велат дека им пага самодовербата ако не се истушираат пред да излезат, или ако недај боже се испотат попатно. Зошто, кога воопшто нема потреба за тоа.
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Кај мене е ова најстрого правило. До сега од како знам за себе не поминал ни еден единствен ден, а јас да не се истуширам најмалку еднаш. Дали сум дома, дали некаде на неколку дена на гости, дали било лето, дали било зима не е важно, важно јас морам да се истуширам. Сега летово ми се случуваше и по неколку пати да се истуширам. Не можам ни да замислам да носам еден ист долен веш два дена. Или да облечам чисти чорапчиња, а да не сум се истуширала. Косата ја мијам преку еден или најмногу преку два дена. Можам и повеќе да ја оставам ама не сакам. Косата не се мие само ако е мрсна, јас ако ја оставам да ми се измрси па за да ја мијам, една недела ќе помине. Косата сакам да ми мириса убаво кога ќе си легнам навечер. Не можам да замислам да се видам со дечко ми на пример и косата да ми мириса на манџи, прашина, чад... Колку и да не осеќате, косата најмногу ги впива мирисите од околината. Периодите кога вежбам понапорно и секојдневно, знам и секој ден да ја мијам ама гледам да е што поретко тоа. Инаку не ја мијам секој ден, од причина што не е здраво, ќе ја уништам повеќе отколку што ќе си направам добро, а и имам премногу густа и брановидна коса на која и' треба најмалку три часа да се исуши природно, фен не користам.

    Е сега гледам дека и муабетот за шетноста од секојдневно бањање сте го начнале. Факт е дека е штетно за кожата. Тоа е докажано. Се оштетува заштитниот слој на кожата. Не дозволуваме сама да се избори од надворешните влијанија и ја правиме почувствителна. Јас сум алергична на сонце, а разниве препарати за хигиена како што се купки, триста креми, сапуни, парфеми, дезодоранси, вакви - такви модерни шлакутарници знаат уште повеќе да ја направат кожата подложна на алергијата од сонце, од причина што имаат некоја хемиска состојка во нив што повеќе го привлекува сонцето и ја прави кожата уште почувствителна. Така што, тие работи ми се строго забранети. Користам само бебешки сапуни кои не ја сушат кожата и од време на време понекогаш некоја бебешка купка, ама поретко. За тело користам само бебешки млека за тело, за под пазуви строго стик, никако дезодоранс зашто и тој спаѓа во тие препарати што се забранети за луѓето алергични на сонце, од време на време пилинг и толку. Ништо друго. Така што, строго одбегнувам користење и постојано менување на купки и слични хемии кои и онака не ја мијат кожата повеќе од еден обичен сапун. Па според ова колку, толку си се тешам самата дека иако се туширам секој ден не ја оштетувам и оптеретувам кожата премногу, барем се надевам.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.946
    Пепелашке, едно е нашиот сопствен мирис, а друго е нашата пот во комбинација со бактерии кои повеќе сати делуваат на неа, или ајде да не навлегувам при циклус кај жени, или употреба на тоалет. Раце миете?И тело исто така треба. А за парфемите,тука бар треба да постои индивидуалност, ги има илјадници, некои иако прескапи ми се одвратни, некои ми се допаѓаат и радо ги користам, а и кај маж убав парфем знае да ме изненади..
    Имавме во средно училиште професорка која беше гласен присталица на природниот мирис,и знаеш како мирисаше?На шкаф непроветрен сто години.А веројатно познаваш и луге,обично мажи кои едноставно имаат пресилен мирис на потта и колку и да одржаваат хигиена,малку да се испотат,воња тоа.Да треба да работиш или живееш со некого таков,друго ќе зборуваше. Парфемите не се за неизмиен да се полеваш со нив како во Франција за време на Луј,или да додаваш пудра на неисчистено лице.Рибање и дезинфицирање е претеризам.Одржување хигиена редовно,освен ако не си на експедиција на Хималаите,не е претеризам.Thanks
     
    На Daydream и imelda им се допаѓа ова.
  18. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    И мене ме мрзи дека е ладно ама нема ни потреба зимно време од секој ден слакање со вода јас се бањам 2-3 пати неделно во мегувреме мозам и да се замијам интима ама никогас ама бас никогас не сум замирисала.
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Леле Пепелашке, кој профил ти е овој? 356ти?
    Штом видам пропагирање на природни мириси, нетуширање или одмивање само со вода, знам дека си истиот лик, само веќе сум ги заборавила никовите, многу ги имаше.
    Не знам како заборави да пишеш и дека е штетна депилацијата, па треба да си оставиме влакната да си ја имаат нивната заштитна функција, затоа што природно си е природно |( .
    Или тоа ти беше во план за следна тема?
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.206
    Пол:
    Женски
    Епа непријатно е секој ден да се мешаш во луѓе, во случајов на факултет и на пракса, и да им смрдам таму. Сигурно па нема да отидам на предавање без дезодоранс или без да се истуширам и да им дигнам таму мишка смрдлива ко селјацине во диско. :D Дека ќе се испотам пак и со дезодоранс тоа е сигурно, ама барем нема да ме викаат смрдла и во амфитеатарот да седам сама, околу мене да нема никој во радиус од 5 метра. :lol:
    Да, имам другарка што многу си го поштува природниот мирис. И знаеш што? Копа. Не се седнува до неа. :puke: А има сосем солидни услови барем мишки да затрие. По две кутии цигари фука на ден, а една рексоничка стикче од 50 денари не може да си купи.
    Исто не сакам дечко што не си води редовна хигиена. Јас да трган да го гушнам и да ме удри мишка во нос. Некогаш ќе се случи секако, луѓе сме, ама не сакам да биде постојано така.
    Факт е дека потта нема мирис, ама во допир со бактериите и влакната, со самата кожа, мириса бре луѓе. Не се опседнати младите само не сакаат да смрдат. И дома кога си седам сакам на убаво да си мирисам, лично за мене. Ќеф ми е да облечам чиста, исперена блуза со омекнувач на чисти мишки, на чисто тело. Ќеф ми е дезодоранс да ставам на чиста мишка 8) , парфемче на чисто вратче. ^_^
    Не знам, не можам да замислам, да сменам гаќи, а да не се измијам. :| Посебно кај девојки со менструација или сексуално активни.

    Инаку, летово секој ден се бањам, а зимно време на 2-3 дена.
    Сакам да си се избањам со некоја купка со ориентален мирис, пижамките и ајт у кревет. Колку се сакам кога сум чиста. ^_^
    Сепак и зимно време, не можам да замислам да не се измијам од половината надолу, да не сменам гаќи.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.