Преку лето секој ден туширање некогаш и двапати и косата ја мијам секојдневно во лето зошто се потам и мрсна ми е после секако. Во зимо секој ден туширање, а косата 2-3 неделно миење. Не можам да си замислам не истуширана да си легнам. Одвратно е ко старцине 80% што мирисаат на мишки да мирисам во 21 век бре. И парфеми и се користам, ама пак вода си е вода.
Ова стана модерно да се пропагира природен мирис на телото.Не можам да поверувам што читам,некој да ме убедува дека не треба да се капам,дека е сосема нормално да замирисувам,дека не треба да користам парфеми за да не мирисам исто како другите.Мене ова ширење на природна миризба на телото ми делува како некој фетиш. Се туширам секојдневно без исклучок.Ако некогаш и прерипам комплетно туширање делови од телото обавезно ги мијам.Коса на 2-3 дена.И ми паѓа мака кога ќе видам некој да мириса на пот а ги има сите услови.Според мене еден од првите впечатоци кој човек ги стекнува за друг е уредноста и мирисот.И не е доволно само да се тушираш битно е да редовно да ја переш носената гардероба.И како тоа истуширани облекуваат веќе носена и испотени алишта.Џабе што се туширале и не ни морале да го прават тоа,да ствараат трошоци . Личен избор е дали некој ќе користи гелови за туширање,млеко за тело,ама сапун ,вода,шампон и паста за заби се основата на хигиената.И точка.Други мачканици се по избор,можност и воља. Парфеми и дезодоранс исто користам секојдневно.Немам пари за оригинали ама има и солидни копии. Инаку редовно ги мирисам моиве и буквално ги малтретирам ако осетам непријатен мирис.
Јас сум повеќе опседната со чиста облека, машината стално ми врти. За туширање, летно време секојден, често и повеќе пати во денот, а во зима знам и да прескокнам некој ден. Не сум засмрдела од еден ден небањање, а и не знам зошто веднаш мешате природен телесен мирис со пот и смрдење. Јас пример не сакам секс веднаш откако сопругот ќе излезе од туш. Колку и да мириса добро гелот за туширање или парфемот, мене сета таа хемија ме одбива (за секс). Не да мириса на испотено и застарено ама барем да го осетам него. Само јас, не тој што седи до него или сите околу него, тоа е веќе претерано.
Фала богу некој конечно да ме свати што сакав да кажам, и да разграничи пот од природен мирис на телто. Сите сакајки да се направат чистотници само копираа еден ист одговор, лето секој ден, зимоска 2-3 пати неделно. Иако сум сигурна дека тешко кој може да си дозволи зимно време туширање секој ден или секој втор ден. Ајде летоска и ќе стоплиш вода на сонце, ама зимно време секој член од семејството ако се тушира на 2 дена струјомерот ќе полуди. Можеби со Бридге, за многу работи не се сложувам но на оваа тема ја кажа суштината. И, само незнам каде прочитавте дека некој после туширање обекува веќе носени алишта, и незнам зошто мешате миење на интима, со секојдневно туширање? Само да се навратам на актериите, не заборавајте дека има добри и лоши бактерии, и не сите бактерии се штетни за организмот. На пример со употребата на хемикалии при интимна хигиена сакајки вагината да ни мириса на парфем а не на вагина, ги уништуваме добрите батерии кои ја бранат вагината од лошите бактерии се дведуваме во ситуација на чести инфекции.
Абе Пепелашке, "да не пукнеш"<--(ја мрзам фразава иначе,ама ај пригодна е овде) ме изнасмеа. Стално водата на твојата воденица си ја носиш. Речи ние немаме пари да уклучуваме секој ден бојлер , така ни чини , и тачка.Не туку се самоубедувај и клади дека и другите се сиромашни до толку што штедат на бојлер. Знам полно фамилии во мк што бојлерот нон-стоп им е уклучен,го исклучуваат кога влегуваат да се тушираат.Или уклучуваат на ефтина.Туширањето и минутка две може да трае.Овде нас на гас ни е централно грење па ниту има бојлер во купатилото.Значи не сакаш да се тушираш често-пеки.Не се лажи сама дека сите така прават ко тебе,ама тука глумат. Вагината како вагина ,не верувам дека некоја ја мие одвнатре,како на гинеколог што брца прсти за преглед.Она што се мие е вулвата,надворешен полов орган,тука дека лактобацилите ке ги упропастиш со туш,тешко.Плус има пх неутрални гелови,чак и со кисел пх.За феромони и телесен природен мирис е друг муабет,и при секс секако ќе го почувствуваш вкусот и мирисот на партнерот.Ваљда . И крај тука,ок ,во право си,кип ап д гуд џоб,и не уклучувај бојлер ,штеди за хмммм..што и да ти е побитно..
па зимно време два пати неделно а летно време секогаш кога ќе осетам дека сум се замирисала ...а косата два пати неделно
^^ А ти си заминала од Македонија и си заборавила што е сиромаштија и штедење. Јас пак паметам дека не постоеше моја другарка или пријателка чија мајка не пререкуваше за пречесто уклучен бојлер. Секојдневно туширање беше луксуз. Добро, сега можеби не е така, но небитно, постојат опции греење на шишиња на сонце или топлење вода на шпорет зимно време. Каква и да е причината, тоа си е лична ствар, и не гледам причина за чудење како што прочитав изненадени како тоа некој не се тушира секој ден, па веројатно е подвижна смрдеа. Зависи многу кој што работи, каква му е динамиката во секојдневието, јас имам стално топла вода, но ако го поминам цел ден дома во пиџами а е зима и претходен ден сум се бањала, нема да влезам пак под туш затоа што не чувствувам потреба. Малку глупаво ми е што објаснувам колку и зошто се туширам, ниту пак би прашала лично некој за ова. Некој може се истуширал денеска па пак да мириса лошо оти брзо се поти пример. Парфеми не користам за преку ден, само антиперспирант, чиста облека и некоја блага тоалетна вода, не сакам кога се движам да оставам трагови позади мене затоа што и сама не сакам да чувствувам туѓи мириси, барем не на работно место.Не поврзувам свежина и чистота со парфем, за мене тој има друга намена, чистотата се гледа во облека, нокти, коса, заби, кожа. Сигурно нема да се наведнувам и мирисам препони за да одредам кој колку држи до хигиена.
Се бањав секој 2 ден но бидејќи сега почваме да одеме на тренинг и сме секоја ден се бањам секоја ден
Не се бањам секој ден од причина што не се уморувам, се туширам 2 пати во неделата и пред да излавам преку денот инаку кога не одам никаде напоменав 2 пати до 3 пати во неделата (преку лето). Инаку мене бањањето ми е туширање