Во лето секој ден по 2-3 пати. Во зима секој втор ден. Косата на секој втор ден и лето и зима. Не знам како некој не го прави тоа. Коа нема да се измијам се осеќам бфф.
Се туширам секој ден, коса мијам среда и недела (значи тоталка бањање хаха).. Сум забележала дека колку повеќе ја мијам, толку повеќе ми се мрси. Вака супер ми е..
Туширање секој ден, а косата преку еден ден, иако во последно се трудам да ја одвикнувам на толку често миење..
Јас им верувам на индијанците дека треба што поретко да се бањаме, затоа што се остранува заштитниот слој од кожата... Па се бањам речиси секоја недела...
Паа тушиарење секој ден некогаж летно време моѓе и по два пати да се истуширам а косата ја мијам еднаш неделно затоа што не сакам да практикувам многу честоо
Епа вчера се бањав, сега на 8 септември....после тоа ќе паузирам малку, да не си ја истенчам кожата...
Скоро секој ден. Некогаш и по 2 пати на ден. Летово е неподносливо. Нормално, се туширам кога ќе осетам потреба за тоа (читај неподнослива миризба ). Се случува да рипнам некој ден, ама 2-3 пати во целово лето било тоа да речеме.
Јас обично се туширам на секои два дена, а летно време бидејки е жешко и се потам се туширам секоја вечер... Кога имам менструација пред секое менување на улошката се мијам само во интимниот дел со млака вода
Се бaњaм преку ден. Нa пример, утре ќе се бaњaм (неделa), вo пoнеделник не се бaњaм, вo втoрник ќе се бaњaм, пa вo четвртoк, пa вo сaбoтa и тaкa сè вo круг. А кoгa е летo секoј ден пo двa пaти нa ден, зaвиси.
Значи буквално секоја вечер пред да облечам пижами се туширам (коса мијам преку ден), инаку мислам не би можела да легнам во постела . Некоја навика стекната од многу одамна и секојдневно си ја применувам.
Од велигден на велигден, па еве сега иде велигден и многу сум среќна, ќе падне едно капење за до година...