Недела? E тоа е егејското! На иста линија сме, јас чекам да дојди 22:00 кога почнува ефтина тарифна струја, уклучувам бољер (преку прекидачот НЕ ПРЕКУ термостатот на бољерот, бидејки и во Stand By позиција лед сијаличката тоест диадоата ми троши струја 5 wats) до 30c температурата на водата. експресно се туширам со минимум користење на сапунот, шампон Head and Shoulders? 130 денари е скап е, со сапун комплет. Туширање секој 3 ден, а stick под мишки секои 3 саата God bless THIS! Amin!
Не сте многу јаки кога ќе кажете дека се туширате секој ден, особено не преку зима. Just saying. Не е страшно ако напишете дека е поретко. Ова е (до некаде) добро напишано (некои делови кои не се релевантни ги тргнав од цитатот), А еве и објаснување зошто претходниот цитат е изваден од контекст заради некои кои им е срам од самите нив. Најинтересно ми е кога ќе прочитам дека „косата не треба да се мие секој ден зошто не е здраво“, а токму тоа го правите на кожата на телото. Кожата која ја имате на главата и онаа која ја имате на телото е иста. Бањање, туширање и миење е различно, а и за секој поединечно е различно. Не значи дека ако некој еднаш неделно се бања, дека и повторно во неделата не се тушира или секој ден не ги мие критичните делови. Не скокајте веднаш со муабети за „пот, смрдеа“ и слично. Многу од навиките кои прераснуваат кај нас доаѓаат од една од нациите со најнизок имунитет и со најмногу болести - америка. Но, овде повеќето не знаат (дури сум изненадена за овој факт) дека имаме и поразлична клима. Клима во калифорнија каде што немаат зима и клима во македонија - не е исто. Исто така, клима во њу јорк и клима во македонија повторно не е исто зошто пак стандардот и условите се различни. Таму имаат греење секаде во домот додека кај нас повеќето од домовите немаат ниту добра изолација, ниту затоплување во бањата. Сето ова мораше да го напишам за да дојдам до поентата - имунитетот е толку намален што по неколку месеци не држи обична настинка која во нормални услови се лечи со чај и мед. Туширање, излегување на студено. Прашајте го секој спортист и ќе ви го одговори истото - не е добро да се излегува веднаш по туширање, особено не на студено. Ниту пак е добро толку често туширање во студени простории. Нагласив спортист зошто тие мораат да се тушираат секој ден, но имаат осет за тоа како треба да го прават тоа. Туку, не ги знаете состојбите во студентските домови, затоа велите дека се туширате секој ден. И ако ги знаете или престојувате во дел од нив - сигурна сум дека не се туширате во такви услови и на толку ладно секој ден.
велигден, божиќ и митровден и некогаш ако испадне некоја слава измеѓу или свадба на близок роднина инаку на подалечни не арч е. Меѓу другото секое утро, чат пат по враќање од работа и практикувам по секс (ако има можности и околности)
Во летниот период практикувам да се туширам секојдневно, ретко еден ден да прескокнам ако сум ептен во некои гужви. Зимно време на 3 дена се туширам. По природа не се потам дури и кога е најтопло и иако поради тоа не ни морам секојдневно да се туширам, сепак ми е преубаво, се опуштам и по излегувањето од под нуш сум како нова . Инаку косата не ја мијам толку често, само два пати во неделата.
Не е здраво да ја миете косата секој ден? Еве јас вежбам секој ден, се потам премногу посебно во лето. Што е поздраво, да ја мијам косата секој ден или да ја оставам потта на неа? Луѓе, секојдневно се возиме по автобуси, сите знеме колку лошо мириса несреден човек. Освестете се, посебно во лето, ве молам
Секој ден.. Се дешава да утнам понекогаш ако ептен не сум во можност. Летно време посебно спијам во купатило.
Leto po dva tri pati vo den Zima sekoj den tusiranje,sekoj vtor den kosa Potrebite na sekoe telo e razlicno,sekoja koza e razlicna
Се туширам двапати во денот, наутро и пред легнување. По потреба и измеѓу. Нема штета од чистота, може да има штета само од нехигиена. Плус не знам како некои трпат да одат така,со изговор дека кожата ќе им се исушела. И секој ден ја мијам косата, па еве уште ми стои на глава. И побујна од кога било. Не сфаќам зошто и косата да не се мие секој ден, не е поразлична кожата на главата од останатите делови.
За туширање ако правиме муабет, секој ден по два-три пати во лето, а во зима само пред спиење со жешка вода.. За бањање на 2-3 дена ( миење коса,пилинг на тело и стапала и сите други процедури за нега) Порано се бањав целосно секој ден.. сега не можам . Негата на косата ми одзема премногу време..